Најстрашната казна изречена во американски суд до сега (виц)
Изрекување на пресуда во судрски спор во САД.
Државниот обвинител бара најстрога казна за сериски убиец, канибал, банкарски крадец, измамник на телефони, фалсификатор на пари, брутален силувач на калуѓерки и монаси, хакер и садист.
– Сето ова е едно лице! – заклучи обвинителот.
Судијата ја чита пресудата:
– Ова е тежок момент во судската историја на Соедиентите Американски Држави! Ја изрекувам најстрашната казна во мојата пракса. Го осудувам Џон Смит на присилно преселување во Македонија!
Обвинетиот во истиот момент извикува:
– Нееее!!! Подобро електричен стол! Судот е поткупен!
Судијата збеснува:
– За навреда на судот, ти изрекувам и втора казна. Покрај преселувањето во Македонија, да мораш присилно да се регистрираш како трговец-поединец!
– Ова е ужасно! Не, ова е нечовечко! Подобро гасна комора! Судијата е Македонец!
Судијата уште поналутен:
– Шокиран сум од оваа навреда! Во историјата на моето семејство имало славни каубои, играчи на покер, робовладетели, произведувачи на виски. Но, Македонци – никогаш! Изрекувам и трета казна: Покрај тоа што ќе се преселиш во Македонија и ќе се регистрираш како самостоен трговец, го осудувам Џон Смит да мора да земе брз кредит!
Обвинетиот во тој миг се струполува на земја и почнува да се тресе. Во исто време доживува троен мозочен удар, двоен срцев удар и му пука жолчното ќесе.

Браво, директно во целта.Не изнасмеавте!
Коментирај анонимно