Најтенкото чоколадо во светот е дебело само 0,03 милиметри и буквално се топи во уста
MATTE Bottega del Cioccolato беше отворена во февруари 2024 година во Azabudai Hills Garden Plaza во Токио, Јапонија, и брзо стана позната по најтенкото чоколадо во светот.
Најпознатиот десерт на оваа работилница се вика „Corteccia“ („кора од дрво“ на италијански). Опишан е како инженерско чудо, бидејќи да се произведе чоколадо со ваква дебелина воопшто не е мала работа.

Еден слој, италијанска инспирација и машина развивана 1,5 години
Инспирирана од класичните италијански слоевити чоколада, Corteccia се состои од еден ултратенок слој чоколадо, притиснат и валан со посебна машина направена по нарачка.
Таа машина била развивана во соработка со локален специjалист за машини. Иако слични машини вероjатно може да се наjдат низ светот, ниту една од нив не може да произведе слој чоколадо толку тенок како Corteccia.

„Зошто чоколадото воопшто треба да биде толку екстремно тенко?“
Веројатно си мислите: „Зошто чоколадото воопшто треба да биде толку екстремно тенко?“
Визијата на основачот на MATTE, Matteo Sanclicca, била да создаде чоколаден десерт со текстура на топење во уста каква што дотогаш не постоела. Се вели дека чоколадото е најдобро токму во мигот пред да се стопи во устата, а MATTE сакал тоа чувство да го донесе со секој залак од Corteccia.
Со виткање на слојот во форма што наликува на цилиндрично гранче покриено со неправилна кора од дрво, MATTE создал десерт што, наводно, се топи веднаш при допир со јазикот и носи сосема ново чувство во устата.
Многумина се обиделе да ја копираат Corteccia откако десертот станал вирален на социјалните мрежи, но досега тоа се покажало како невозможно: машината што го притиска чоколадото е во суштина единствена и се наоѓа само во токиската работилница на MATTE Bottega del Cioccolato.


Коментирај анонимно