Највисокиот апартман на Земјата висок 430 метри: Место од кое не го гледате само Њујорк туку и формата на земјата, а хеликоптерите летаат под вас. Се продава за само 250 милиони долари.

Највисокиот апартман е изграден во Њујорк и сега се продава на пазарот за 250 милиони долари. Има три ката, висок е 430 метри и има поглед од 350 степени, така што имате поглед над целиот Њујорк.

Има 7 спални соби, 11 тоалети, 2 опремени кујни, а и најголемата тераса на светот. Но тоа не е се. Имате 2 базени надворешен и внатрешен, спа центар, фитнес центар, кино сала и нормално сала за бал која се наоѓа на највисокиот кат.

Додека јадете вечера погледот стига до Атлантскиот океан, а исто така од трпезаријата го гледате Times Square, така да за Нова Година со вино во раката од удобноста на вашиот дом би гледале како ја спуштаат топката.

Ова место е толку високо што не слушате ниеден звук од сообраќајните метежи. Вие сте над звукот. Вие го постигнувате нивото на мир во Њујорк, што до сега не било возможно.