Најзгодната шахистка на светот е тажна затоа што изгуби натпревар од 11 годишно момче, па сега цел свет ја теши. А, кога ќе ги видите нејзините фотографии и вие ќе побрзате да ја утешите

Стримерка на „Twitch“ позната како „Најсекси шахистка во светот“ загуби од 11-годишно момче во натпревар за враќање во турнирот.

 

 

 

Андреа Ботез почнала да игра на шестгодишна возраст откако ги следела стапките на нејзината постара сестра Александра. 21-годишната девојка почнала да игра натпреварувачки на американските шаховски турнири на седумгодишна возраст, а во 2010 година триумфираше на канадското младинско првенство во шах за девојчиња до осум години.
На 13-годишна возраст, Ботез стана женски шампион во шах на Британска Колумбија и го освои националниот опен Сузан Полгар истата година. Нејзината експертиза во шаховскиот свет, заедно со нејзините косплеј фотографии, ја натераа да развие огромен број следбеници на социјалните мрежи, со преку 630.000 следбеници на „Инстаграм“.

 

Но, нејзиниот последен натпревар буквално ја засрами и таа призна дека одвоила време да размислува пред да ги сподели вестите за нејзината загуба од тинејџерот.
„Ми требаше една недела да се оттргнам по поразот од 11-годишно дете за конечно да го објавам ова. Сепак, турнирот ќе продолжи силно следниот месец!“

 

 

Следбениците на Ботез брзо се собраа да го коментираат нејзиниот пораз и да ја утешат.
Еден од нив напишал: „Децата се немилосрдни и ти го даваат тоа до знаење“.

Друг се пошегува: „Требаше само да му дадеш ручек и да побараш нерешено“.

 

 

Трет рече: „Би бил задоволен да ја изгубам мојата кралица поради тебе. Чувствувам дека дури и да знаев правилно да играм шах, веднаш ќе заборавев ако треба да седам спроти тебе“.

„YouTube“ каналот на сестрите „BotezLive“ сега има повеќе од 1,4 милиони претплатници. Тие, исто така, собраа повеќе од еден милион следбеници и 19 милиони прегледи на нивниот канал на „Twitch“.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *