Напалена полицајка која имала с*кс со „цела полициска станица и пола град“, доби понуда да работи како стриптизета и да заработува по 5000 евра од вечер. Што мислите, очигледно добро се покажала?

Стриптиз- клуб во Нешвил и понуди на поранешната полицајка од Тенеси 10.000 долари за да направи две шоуа таму, откако беше отпуштена поради секс со неколку колеги на работно место.

 

 

 

Меган Хол (26) беше отпуштена од полициската управа Ла Верњ, во близина на Нешвил, откако истрагата покажа дека таа имала сексуални односи со повеќе полицајци на полициски имот, хотели и на забави.

Со оглед на нејзината невработеност, „Дежа Ву шоугрлс“ од Нешвил ѝ понудиле на поранешниот службеник 10.000 долари за да направи две шоуа во средината на март, потврди регионалниот шериф Мајкл Дурам во средата.
„Ја сакаме во „Дежа Ву Нешвил“ на 17 март. Две шоуа. 5.000 долари од едно“, изјави тој за „Scoop Nashville“.

 

Не е јасно дали Хол планира да ја прифати новата „тазга“, но таа изјави по скандалот дека таа ќе продолжи да си го живее својот живот по нејзини правила.
„Не сакам да разговарам за тоа“ , изјави таа за медиумите.

Меган Хол имала орален секс со колегите додека била на должност, имала афери и правела тројки со друг полицаец и неговата сопруга. Таа исто така го соблекла нејзиниот горен дел од бикини на забава во некоја куќа, додека требала да биде на работа.

Џејсон Кол, градоначалник на Ла Верњ, град со 40.000 жители 40 километри југоисточно од Нешвил, минатата недела објави дека Хол била суспендирана заедно со други четворица полицајци со кои се тврди дека се тепала минатата година додека била на должност и надвор од неа.

 

 

 

Нејзиниот сопруг Џедидија (28), поранешен чувар на државни паркови со магистерски студии од Државниот универзитет во Тенеси, се држи со својата сопруга и се обидува да ги реши нивните проблеми.

Двојката се заедно уште од нивните колеџ денови, се венчале во ноември 2018 година, а во март минатата година ја купиле својот прв семеен дом во Манчестер.

 

 

 

Градските власти започнаа внатрешна истрага во декември, откако граѓанин се јави за да пријави дека жена полицаец има „интимни односи“ со машки колеги на забави, хотели, па дури и на полициски имот.

Суспендирани се и патролниот офицер Патрик Маглиоко, полицаецот Гевин Шоберл и офицерот на К-9, Лери Холадеј. Во центарот на нештата, сепак, беше ситната русокоса Хол.