Нашето „Поклон во плик“ стигна и во развиените западни земји, а погледнете ги реакциите на луѓето таму поради ваквите покани за свадба

Идната невеста и младоженец биле заедно шест години, имаат тригодишно дете и веќе воспоставиле заеднички живот пред бракот. Па сега наместо свадбени подароци претпочитаат пари за да можат да одат на меден месец. Но, бидејќи не се од Балканот, не знаат како да го напишат тоа на поканата па невестата побарала помош во една Фејсбук група.

 

„Малку го измешавме редоследот и венчавката дојде последна, после детето и заеднички живот, па сега затоа не ни требаат свадбени подароци. Ние сакаме да побараме подароците да бидат пари за да можеме да одиме на меден месец. Едно прашање е како да им кажеме дека не сакаме свадбени подароци, туку претпочитаме пари. Ве молам помогнете, многу сум изгубена и не сакам да звучам грубо“, напиша таа.

 

Овој пост предизвика бурни реакции на Фејсбук, а многумина го критикуваа парот поради барањето. „Не барајте пари или подароци. Не постои пристоен начин да побарате пари или подароци. Крај!“, отворено рече еден.

„Мислам навистина е засрамувачки да барате да ви подарат пари!“ – напиша втор.

„Ако не само ставете ја вашата трансакциска во поканата и заршена работа. Бог да чува“, додаде трет.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *