Наставничката од Ајдахо го запрепасти Интернетот откако откри колкава ѝ е платата, а колкави ѝ се трошоците

Една 23-годишна девојка ги расветли тешкотиите да заработи за живот како наставничка во државно училиште, откако ја откри нејзината плата.

Корисничката на ТикТок @fouronacouch, која не го сподели нејзиното име, се снимила како танцува во нејзината празна училница откако сфатила дека ѝ останале само 25 долари за месецот.

Наставничката по англиски јазик од осмо одделение во Ајдахо запрепасти многу гледачи кога сподели дека нејзината месечна плата е 2.500 долари по оданочување, што изнесува 30.000 долари годишно.

Просечната плата на наставникот од почетно ниво во Ајдахо е 39.895 долари, додека просечната плата на наставниците во јавните училишта во САД е околу 57.000 долари.

 

Корисничката на ТикТок го сподели дека нејзиниот најголем трошок е киријата, со тоа што тој месец имала две ќирии за плаќање бидејќи се селела од стан во куќа.  За куќата изнесува 1.300 долари, што е повеќе од половина од нејзината месечна плата. Таа, исто така, морала да плати 875 долари за нејзиниот поранешен стан и да стави 300 долари за заем. Откако ги покрила тие трошоци, ѝ останале само 25 долари за да купи храна и да ги плати останатите сметки.

„Сакам да плачам овој месец“, напиша таа во описот.

Видеото е прегледано 3,4 милиони пати и доби повеќе од 2.500 коментари откако беше објавено на 23 август.

Многу луѓе беа згрозени од малата плата на наставникот.

„Кога бев во средно, мислев дека е толку чудно што некои од моите наставници мораа да работат 2-3 работни места за да врзат крај со крај. Сега разбирам“, одговори еден.

„Сè уште не разбирам како оваа исплата е во ред за луѓето што ги образуваат нашите деца“, додаде друг.

„Искрено љубопитна – што правите за намирници и гориво за вашиот автомобил?“ праша некој друг. „Наставниците заслужуваат подобро. Многу ми е жал“.

Имаше и луѓе кои споделија дека заработуваат повеќе од неа и тоа без диплома.

„Тоа е лудо. Заработив повеќе од тоа како корпоративен правен асистент без факултетска диплома. Вие ги заслужувате сите пари“, напиша една личност.

„Заработувам повеќе без диплома во Walmart!“, коментира друг.

Некои критичари ја прекоруваа што платила кирија од 1.300 долари, но други застанаа во нејзина одбрана, велејќи дека се принудени да плаќаат слични суми таму каде што живеат.

„1.300 долари се просечни за една спална соба каде што живеам“, забележа еден корисник.

  • Васе напиша:

    Ако не е задоволна, нека дојде во РМ… Баш утре почнува школската година и недостастуваат наставнички по англиски јазик. Додуше нема учебник по англиски 10 год, но ќе се снајде: интернет, скрипти, YouTube…

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на Васе Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *