Научници направија нуркачки одела за лебарки за спасување луѓе во катастрофи

Повеќето луѓе попрво би гледале како лебарка се дави или би ја убиле со оган, но тим научници од Школата за машинско и аерокосмичко инженерство при Технолошкиот универзитет Нанјанг во Сингапур работи на спротивното: мадагаскарските сиктачки лебарки да дишат под вода колку што е можно подолго.
Професорот Хиротака Сато и неговиот тим претходно покажаа дека овие инсекти можат да се управуваат од далечина со поставување електроди на нивните сетилни органи. Така ги претворија во живи дронови што можат да се користат во различни ситуации, на пример за пребарување на зони погодени од катастрофи и пронаоѓање преживеани.
Имаше само еден проблем: инсектите воопшто не се снаоѓаа добро во вода, што ја ограничуваше нивната употреба во поплавени подрачја.

Научници направија нуркачки одела за лебарки за спасување луѓе во катастрофи

Костум од 3Д печатач им носи кислород директно до спиракулите

За да ја надминат природната слабост на лебарките, истражувачите почнаа да развиваат нуркачки костум изработен со 3Д печатење, кој може да му обезбеди воздух за дишење на носителот во подолг временски период.
Решението е костум од смола што создава кислород и го доставува до спиракулите на лебарката, малите отвори преку кои инсектот дише. Со него, лебарката може да работи под вода до три часа.
Костумот што го развија Сато и неговиот тим нема класична кислородна боца. Наместо тоа, користи мешавина од водород пероксид и манган диоксид, кои реагираат и произведуваат кислород што инсектот може да го апсорбира.

Костум од 3Д печатач им носи кислород директно до спиракулите

Под вода се движеле со 78,4 милиметри во секунда, само 10 помалку отколку на копно

На тестовите, нуркачкиот костум функционирал без грешка. Лебарките можеле да се движат под вода со брзина до 78,4 милиметри во секунда, што е само 10 милиметри во секунда помалку од нивната просечна брзина на копно.
„Со проширување на оперативните параметри на нашите киборг-инсекти за да вклучуваат движење под вода, веруваме дека тие можат да ги подобрат операциите за пребарување и спасување,“ напиша Хиротака Сато во труд што тој и неговиот тим неодамна го објавија во списанието „Nature Communications“.
Киборг-инсектот развиен од тимот на професорот Сато имал активна улога во „Операција Лавовско срце“, вистинска операција за пребарување и спасување за време на земјотресот со магнитуда 7,7 што ја погоди Мјанмар во пролетта 2025 година.
Но амбициите на тимот не завршуваат таму. Тие сонуваат еден ден нивните инсекти во нуркачки костуми да помогнат и во истражување на површината на Марс.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *