Научниците од Кјото Универзитетот создадоа ВЕШТАЧКА крв што ќе одговара на секоја крвна група и во целост ќе ја промени медицината

Научници од Универзитетот во Кјото, Јапонија, развија напредна универзална вештачка крв што ветува револуција во итната медицинска грижа и трансфузијата. Оваа синтетичка крв е компатибилна со сите крвни групи и има неверојатен рок на траење од две години – дури и без потреба од ладење. Таквото својство е клучно за користење во зони со слаба здравствена инфраструктура, воени подрачја и при катастрофи.

 

Научниците од Кјото Универзитетот создадоа ВЕШТАЧКА крв што ќе одговара на секоја крвна група и во целост ќе ја промени медицината

Како функционира?

Имитатори на црвени крвни зрнца: Синтетичките честички го пренесуваат кислородот исто како природните еритроцити.

Заменa за тромбоцити: Овозможуваат коагулација и помагаат при запирање на крварења.

Универзална примена: Отстранета е потребата од совпаѓање на крвни групи.

Во моментов, вештачката крв е во фаза на тестирање врз животни, со позитивни резултати во снабдување со кислород и контрола на крварење. Научниците се надеваат дека наскоро ќе започнат и испитувања врз луѓе.

Можноста за масовно производство, складирање и транспорт на крв без потреба од дарители би можела да ги реши критичните недостатоци на крв – особено во време на пандемии, воени конфликти или големи несреќи.

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *