Научниците откриваат колку минути од животот губите секој пат кога јадете хот дог, чизбургер или пиете газирани сокови

Можеби треба да размислите двапати пред да одберете што ќе јадете следниот пат, особено ако се работи за хот-дог, чизбургер или газиран пијалак. Според истражувања, овие омилени брзи оброци можат да ви одземат драгоцени минути од животот.

Што покажува истражувањето?

Нутриционистот Луис Алберто Замора објасни како ултрапреработената храна (UPFs) влијае врз долговечноста. Тој се повика на студија од Универзитетот во Мичиген, која прецизно пресметала колку време од животот се губи со консумирање на одредена храна.

Според резултатите:

Хот-догот ве „чини“ 36 минути од животот.
Ако на тоа додадете и газиран пијалак, губите дополнителни 12 минути.
Чизбургерот ве чини 9 минути, а ако му додадете и крцкава сланина дополнителни 6 минути.

Но, има и добри вести – истражувањето покажало дека јадењето на одреден вид риба може да ви додаде 28 минути на животниот век.

 

Како се анализира храната?

Студијата оценила повеќе од 5.800 видови храна во САД, пресметувајќи ги нивните здравствени трошоци според адитивите и хранливите состојки, како масти, шеќери и калории.

Негативно влијание имаат омилените јадења како хот-дог, пица и макарони со сирење.
Позитивен ефект имаат овошјето, зеленчукот и дури сендвичите со путер од кикирики и џем.

Научниците откриле дека замената на 10% од дневните калории од преработено месо со овошје и зеленчук може да ви додаде 48 минути на животот.

 

Опасноста од преработената храна

Околу 75% од храната што ја консумираат Американците се смета за ултрапреработена, богата со адитиви и потенцијално штетни состојки.

Ход-дозите се најштетни поради нитритите кои, откако ќе се внесат во организмот, можат да се претворат во супстанции поврзани со рак на дебелото црево.
Чизбургерите и сланината, исто така, можат да го зголемат ризикот од рак поради преработеното месо.
Газирани пијалаци со засладувачи, како аспартам, можат да предизвикаат дополнителни здравствени ризици.

Здрава алтернатива

Препораките од студијата се јасни:

Преминете на растителна исхрана, избегнувајќи црвено и преработено месо.

Сендвичот со путер од кикирики и џем е најдобриот избор за додавање на 32 минути здрав живот.
Оревите, семките и овошјето, исто така, се рангирани високо во позитивниот ефект врз долговечноста.

Д-р Оливие Жолиет, која ја водела студијата, нагласува: „Малите, но целни замени во исхраната можат да имаат големи здравствени и еколошки придобивки, без потреба од драстични промени“.

Овие резултати се дел од поголемите препораки кои ги охрабруваат луѓето да консумираат помалку црвено месо и повеќе растителни протеини како грав, леќа и грашок, за да го намалат ризикот од дијабетес, срцеви болести и дебелина.

  • zarkovski напиша:

    Според ова, веќе 7 год. не постојам на овој свет…

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *