Научникот кој студирал бесење кој што и самиот бил вклучен во експериментите!

Николае Миновичи бил роден во 1868 година. Бил романски научник, романски форензичар и криминолог. Тој е познат по неговите студии кои ги истражуваат врските помеѓу тетовирањето и криминалното однесување. Но тој е познат и по неговото истражување за бесењето и неговите физиолошки ефекти врз човечкото тело. Тој бил буквално опседнат со бесење. Тој навистина сакал да знае што чувствуваат луѓето за време на оваа постапка.

Вршел експерименти со гушење врз доброволци.

Вршел експерименти со гушење врз доброволци со притисок врз нивните каротидни артерии и југуларните вени до пет секунди, додека лицата на неговите испитаници не станале црвени. За време на нивните извештаи по експериментот, волонтерите раскажувале искуства како што се проблеми со видот, чувство на топлина во главата, како и сензации на кожата како што се пецкање и чувство на вкочанетост на повеќе места од нивните тела.

Во експериментите со бесење  бил вклучен и тој самиот како субјект.

Откако детално проучил 200 случаи на бесење, Миновичи бил незадоволен и започнал серија експерименти врз себе.  Самиот Миновичи „се обесил“ 12 пати, но не издржал повеќе од 3-4 секунди.

Неговите заклучоци, како и деталните описи на она што тој и волонтерите го чувствувале за време на експериментите, биле објавени во научната работа „Студија за бесење“, објавена во 1904 година.

Миновичи починал во Букурешт во 1941 поради болест на неговите гласни жици. Тој починал како ерген, што воопшто не е чудно после сето ова што го прочитавте нели? А се што поседувал оставил на својата земја.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *