Науката потврди: Медитацијата го менува начинот на кој функционира мозокот

Пред неколку години научниците немаа докази дека медитацијата ги менува физичките процеси во мозокот но, сега имаат. Што точно се случува во човечкиот мозок за време на медитацијата?

Како предмет на студија, научниците од Универзитетот „Томас Џеферсон“ избраа луѓе кои ги практикуваа духовните вежби на Игнатиус Лојола во посебен центар за медитација. Вежбите развиени од основачот на језуитскиот ред вклучуваат молитва, медитација, тишина и некои други индивидуални практики.

Научниците сугерираат дека психолошките и духовните промени по духовната пракса ќе доведат до значителни промени во допаминот и серотонинот, односно невротрансмитерите кои ги пренесуваат нервните импулси меѓу клетките, поради што човекот го менува расположението и физиолошката состојба.

За да ја тестираат хипотезата, истражувачите го измериле зголемувањето на допамин и серотонин во синаптичката пукнатина кај 14 здрави луѓе – 8 мажи и 6 жени на возраст од 24 до 76 години, избрани од посетителите на центарот за медитација. Мерењето било спроведено со помош на компјутерска томографија на мозокот со емисија на единечни фотони.

Пред томографијата, на учесниците во експериментот им бил даден „Луголовиот“ раствор и бил инјектиран радиофармацевтскиот препарат „DaTscan“. Овој лек се врзува за допаминот во базалните ганглии на мозокот (каде што серотонинот е минимален) и со серотонинот во средниот мозок (каде што допаминот е минимален). Употребата на „DaTscan“ овозможува да се добијат слики од двата невротрансмитерски системи во една сесија.

Томографијата се правела двапати – пред и по една недела духовни вежби. Потоа податоците биле споредени. Со цел да се евидентираат и споредат чувствата и впечатоците на учесниците во експериментот пред и по духовната пракса, на луѓето им било дадено да пополнат посебни прашалници, а потоа и сами прашалници биле споредувани.

Потоа, користејќи модел на линеарна регресија, научниците ги споредија промените во врзувањето на допамин и серотонин со динамиката на промените во психолошката состојба на луѓето пред и по духовната пракса.

Студијата покажа дека седумдневната духовна пракса довела до намалување на врзувањето на допамин и серотонин за 5-8% во каудатното јадро и во зоната на путаменот (базалното јадро на предниот мозок) и за 6,5% во средниот мозок . Тоа значело дека кај луѓето се намалува нивото на нервна возбуда. На психолошко ниво, ова резултирало со статистички значајно намалување на напнатоста и заморот што ги доживувале луѓето.

Студијата покажала дека духовните практики имаат барем краткорочен ефект врз функцијата на мозокот, имено, тие влијаат на механизмот со кој невроните ги фаќаат невротрансмитерите. Сепак, за да се потврдат наодите, идните студии ќе треба да користат една или повеќе споредбени групи, вклучително и контролна група, нагласуваат научниците.

Сепак, експериментот ја докажа можноста за мерење на нивото на допамин и серотонин во комбинација со духовни вежби и практики. Идните истражувања ќе помогнат да се утврди колкаво влијание имаат интензивните духовни практики врз благосостојбата и функцијата на мозокот на една личност.

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *