Не била смртта! Откриен е идентитетот на мистериозната фигура која се појави на крунисувањето на кралот Чарлс

Додека светот го гледаше крунисувањето на кралот Чарлс минатата сабота, едно нешто привлече големо внимание. Црна фигура со качулка беше забележана како минува во позадината за време на историското крунисување на кралот во Вестминстерската опатија.

Многу гледачи останаа да се прашуваат која би можела да биде силуетата со наметка, а поради изгледот многумина се шегуваа дека тоа е смртта. Но, идентитетот беше откриен откако списанието Newsweek контактираше со Опатијата. Тие открија дека фигурата е едноставно клисарот – член на заедницата на Опатијата кој не припаѓа на свештенството, но помага во верските служби.

Кралските фанови кои го гледаа крунисувањето останаа да си ја чешаат главата откако ја забележаа фигурата со наметка за време на церемонијата минатата сабота. Во средината на патеката, можеше да се види фигура со качулка во целосно црно. Но, сега сите можат мирно да спијат од кога ја дознаа вистината.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *