„Не ми даваа да се возам на тобоган во забавен парк затоа што бев дебела, па сега изгубивме со сопругот повеќе од 100 килограми вкупно заедно“
Непријатен инцидент во „SeaWorld“ во Флорида ги натерал маж и жена да направат серија драстични промени во животниот стил.

„Во 2017 година, седнав на пробно возење во „SeaWorld“ и, за жал, не можев да го врзам каишот“, рече Трејси Лорд (43), која тежела и до 150 килограми.
Лорд и нејзиниот сопруг Стив рекоа дека во тоа време биле страствени јадачи на брза храна, при што Трејси вообичаено консумирала до 3.000 калории дневно. Но, инцидентот во „SeaWorld“ и останал во мислите – на крајот, тоа било и мотивација за парот, кои се заедно 21 година, да ослабат.
Трејси намалила 6 конфекциски броја во период од 18 месеци, додека Стив, инспириран од неговата сопруга, ослабел десетици килограми.

„Откако изгубив 30 килограми, мислам дека Стив сфати дека може да го направи истото, ако и тој ја промени исхраната“, рече таа.
Двајцата почнале да јадат подобро – Трејси почнала да јаде значително подобри порции здрава храна – и почнала редовно да вежба. Трејси, исто така, почнала да учи да готви здрави оброци кои имитираат некои од нивните стари омилени јадења како кинеската кујна.

Дури и кога се случила трагедија во 2022 година кога на Трејси и бил дијагностициран рак на дојка, тие сепак продолжиле да ги следат своите здрави навики.

Коментирај анонимно