Не можете да измамите слон! Налутениот слон ја нападна жената што се шегуваше на негова сметка

Жена во Индија била нападната од слон откако го задевала со банана. Таа смело ја држи бананата до устата на слонот и потоа ја трга баш во моментот кога тој сака да гризне. Жената се смее, но слонот се налути и брутално ја нападна.

Непосредно пред нападот се слуша како жената вели: „Колку е кул?“

Снимката од инцидентот беше споделена на социјалните мрежи од Сусанта Нанда, службеничка во индиската шумска служба која често споделува интригантна содржина за дивиот свет на интернет.

Објавата ја напиша: „Не можете да измамите слон иако е скротен. Тие се едни од најинтелигентните животни што се наоѓаат во заробеништво“.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • aneta напиша:

    ocigledno slonot e popameten od tipkava…

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на aneta Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *