Не, ова не е Индија, ова е Куманово!
Навикнати сме да гледаме фотографии од загадени реки од Индија и да се чудиме, но за жал имаме такви слични ситуации и во близина. Реката Кумановка, во Куманово е далеку од во „завидна“ состојба и фотографии кои се појавија на Фејсбук сведочат токму за тоа.
На влезот од градот во населбата „Средорек“, како и во понатамошниот тек на реката насекаде може да се забележи секаков вид на отпад, од ситни хартии, па се до стари фрижидери и машини за перење. На фотографиите кои беа објавени на Фејсбук дури имаше и мртви животни, но сепак не е соодветно да ги прикажуваме.
Луѓето навистина не бираат што ќе фрлат во и околу реката, а сето ова ја создава најгрдата слика на градот. Видеото (види тука) кое го објавувме неодамна е исто така доказ за тоа што се случува со оваа река која минува низ градот.
Веруваме дека и во останатите градови во Македонија ситуацијата не е многу поразлична. Останува само едно прашање, како и кој да го реши овој и сличните проблеми?