„Не се курчи“- ново стендап шоу на Надица Петрова, премиерно оваа среда во „Јавна соба“

Новиот стендап на Надица Петрова, „Не се курчи“, ќе биде премиерно изведен на 22.март во 21 часот во центарот Јавна соба. По подолго време, неуморната Петрова која има преку 30 успешни изведби на „One wo-man comedy show“, „Која сум Јас“, излегува пред публиката со нешто што ќе ја насмее скопската публика до солзи.

Во „Не се курчи“ Надица е една обична женска  личност која  уште од мали нозе ја учи најтешката животна лекција, лекцијата за “курчењето”. Иако знае дека не треба да се курчи, бидејќи искуството и покажало дека курчот секогаш резултира со заеб. Таа ни кажува дека не е толку лесно човек да се излечи од навлеченоста на курчењето“. Несомнено ќе ги предизвика неизбежно актуелните теми во секојдневната борба за себереализација без  трошка самокритичноста, а преку директни животни искуства ќе го раскаже  патот до „неостварената цел“. Кој сум јас низ оваа лична борба и која е цената на соочувањето преку оваа реалност?! -се прашањата со кои  Надица ќе допре и во нашите имтимни приказни.

“Стенд-ап комедијата“ како уметнички израз и како општествена критика завзема  доминантна позиција во поглед на културно – уметничка програма како во Скопје  така и низ другите градови во Македонија, а тоа видно допринесува за окрупнување на самата независна културна сцена во земјава. „Не се курчи“ е само уште еден бидер на герданот кој независната сцена успешно го ниже веќе неколку години.

Јавна соба како подиум за поддршка на независната сцена им овозможува на независните уметници да излезат на слободен пазар – јавност, и да го побараат реалниот суд за нивните дела. Благодарејќи на самоосвестените артисти како Надица, па и ред други актери кои со своите храбри “стенд ап” програми се преставуваат пред публиката, не само што вешто креираат сопствена егзистенција и промоција, туку го подигаат нивото на општествена критика. Од тие причини развојот и одржливоста на независната културна сцена е од енормно значење за унапредување на општеството и креирање на здрави по самосвесни генерации во државата.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *