„Нема сомнеж дека тоа е мојот сопруг“ – Вдовица се колне дека нејзиниот сопруг е на промо видео на индиски ресторан и покрај тоа што е мртов 9 години. Ви личи дека е тој?

Луси Вотсон несвесно предизвика бура на интернет откако објави дека на снимката се гледа како покојниот сопруг Хари Доерти јаде со својот син Алекс во Спајс Котиџ во близина на нејзиниот дом во Емсворт, Западен Сасекс. Објавата на Фејсбук страницата на ресторанот предизвика поплава од пораки од корисниците на социјалните мрежи кои ја бомбардираа страницата со теории за бизарната мистерија.

Скролајте надолу за видео

Г-ѓа Вотсон изјави: „Јас навистина ретко користам Фејсбук. Прелистував и се појави видеото. Во моментот кога го видов нештото си помислив „О Боже, тоа е Хари“. Беше толку инстант. Не морав ни да размислувам. И плус тоа го јаде неговото омилено, пилешка корма. Нема сомнеж дека тоа е мојот сопруг. Не можев да го паузирам видеото, па морав да го гледам околу 30 пати и секој пат бев посигурна и посигурна. Хари беше голем, карактеристичен човек. Имаше бела коса. Неговата градба и неговите очила се карактеристични. Го препознав синиот дуксер што го носеше и седи таму со синот Алекс. Само што помислив „Тоа е старо видео“.

Откако прашала колку е старо видеото, одговорот од ресторанот бил: „Здраво Луси, извини што го слушам ова. Оваа снимка е снимена минатата недела“.

 

Ресторанот објаснува дека не може да е тоа нејзиниот сопруг и инсистира дека снимката, која беше објавена на 16 јануари, е направена само неколку дена порано.

Но, сега г-ѓа Вотсон (59) ги отфрли „смешните теории на заговор“ околу нејзиниот коментар и го откри идентитетот на нејзиниот сопруг „инстантно препознатлив“ – наградуван новинар и популарен локален лик.

Таткото на три деца, г. Хари Доерти кој е роден во Северна Ирска, доби признанија за неговото известување за „Неволјите“ пред да се пресели во Англија каде што ја обнови својата кариера како музички новинар, работејќи за сега веќе непостоечкиот магазин Мелоди Мејкер. Тој продолжил и основал свое рок списание и станал пријател со гитаристот на Квин, Брајан Меј, откако напишал официјална книга за бендот. Меј испратил цвеќе на погребот на писателот, откако тој почина во април 2014 година по долгогодишното обилно пиење.

 

 

 

„Веќе одамна во овој ресторан нема вакви гужви, тоа е проблемот. Тие очигледно го објавија ова за да генерираат клиенти. Има нов индиски ресторан кој се обидува да добие Мишелин ѕвезда. Едноставно им се намали бројот на луѓе кои одат таму. Мора ова да е монтажа друго објаснување нема. Тоа е единственото објаснување на кое можам да мислам. Целосно сум збунета од одговорот“.

„Хари почина во 2014 година – нема апсолутно никакво сомневање за тоа. Тој беше тешко болен во болница во последните неколку месеци. Тие требаше да направат трансплантација на црн дроб, но тој не успеа. Тој беше слаб како пред умирање, така што видеото мора да е снимено неколку месеци пред тоа“.

 

Г-дин Доерти бил вториот сопруг на Луси и таа вели дека изгубила контакт со неговиот син Алекс (39), по смртта на неговиот татко. Сепак, синоќа Рофикул Ислам, менаџерот на Спајс Котиџ, инсистираше на тоа дека снимката е снимена пред две недели.

Тој рече дека ресторанот изгледал поинаку во 2014 година и дека масите прикажани на видеото биле испорачани само неколку дена пред да биде поставено.

Тој рече: „Имаме нови маси и тие се во видеото. Тоа е сосема невообичаена ситуација“.

  • Стојко напиша:

    Tој је гарант убо се виде…

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *