Непознатиот вселенски „патник“ кој влегува во нашиот Сончев систем сега почна да си ја менува и бојата
Додека мистериозниот меѓуѕвезден објект 3I/ATLAS се приближува најблиску до Сонцето следниот месец, астрономите се воодушевени од неговото неочекувано однесување – оваа „комета од друга галаксија“ ја менува бојата пред нашите очи.

Кога 3I/ATLAS му се приближува на Сонцето, неговиот опаш и големата атмосфера од гас и прашина (која се нарекува кома), се шират и менуваат.
Тоа е очекувано кај кометите, но најновите телескопски податоци покажуваат дека овој објект е поразличен отколку што изгледа – неговата еволуција е чудна и досега невидена, велат научниците.
Астрономот Мајкл Јегер и неговата екипа ги искористија темните неба за време на тоталното затемнување на Месечината во Намибија и фотографираа нешто неочекувано: комата на кометата од црвена стана зелена боја.
Промената во светлината може да се должи на „нагло зголемување на продукцијата на цијанид“ – предупредува прочуениот астроном од Харвард, Ави Леб. Истражувањата покажуваат и дека никелот е во невидено висока концентрација во областа на кометата.
Леб ја нарекува оваа комета „аномалиска“ бидејќи 87% од нејзината маса ја сочинува јаглерод диоксид – сосема невообичаено за нашите познати ледени тела. Останува мистерија и нејзината траса низ вселената, која поминува близу Марс, Јупитер и Венера, а тоа ја прави уште поинтересна за научниците кои не исклучуваат ни вонземјанско потекло.

Leleeeee, so fama se digna, sekoj den toa pa toa, za nekoj si kamen.
Сон да не соно дека е камен? Научници школовани се чудат поради специфичноста на траекторијат, забрзувањето, ама Раде од свирипичино знае дека е само камче. Е од ова си патиме веќе 35 години.
А ти душебрижник, знаеш од што патиш?
?
Ah more Rade od Sviripićino
Ljudi, ovaj kamen se kreće brže od svetlosti…znači da ništa ne znamo o ničemu taj kamen…
Коментирај анонимно