Несреќа на „Делта ерлајнс“ во Канада: Авион слета НАОПАКУ на снежна писта

Авион на „Делта ерлајнс“ принудно слета на меѓународниот аеродром Пирсон во Торонто.

Летот 4819, кој полетал од Минеаполис во 11:47 по локално време, се превртел при слетувањето на заснежената писта, според видеата споделени на социјалните мрежи.

 

 

 

Итните служби веднаш реагирале на местото на настанот, а од аеродромот издадоа соопштение: „Аеродромот Торонто Пирсон е свесен за инцидентот при слетувањето на авион на „Делта ерлајнс“, кој пристигнал од Минеаполис. Екипите за итни случаи реагираат. Сите патници и членови на екипажот се избројани“.

Според службите за итна медицинска помош во регионот Пил, најмалку 15 лица биле пренесени во болница, од кои тројца – меѓу кои и едно дете – се во критична состојба.

 

 

 

Патниците снимиле шокантни сцени од внатрешноста на авионот откако се превртел, како и моменти додека бегаат на замрзнатата писта.

Авионoт „Бомбардиер CRJ-900“ бил управуван од регионалната авиокомпанија „Ендевор ер“, која е подружница на „Делта ерлајнс“ со седиште во Минеаполис. Летот превезувал 76 патници и четири членови на екипажот.

 

 

 

„Делта“ е свесна за извештаите за инцидентот со летот 4819 и работиме на потврда на деталите“, соопшти компанијата.

Целокупниот воздушен сообраќај на аеродромот во Торонто беше запрен по инцидентот.

Патникот Џон Нелсон, кој бил во авионот, на „Фејсбук“ објави видео од моментот кога излегол од леталото, коментирајќи: „Штотуку слетавме. Нашиот авион се урна – е превртен наопаку“.

 

 

Канадскиот Одбор за безбедност во сообраќајот ќе ја води истрагата за несреќата, додека американската Федерална управа за авијација (ФАА) веќе испратила истражители во Торонто.

Премиерот на Онтарио, Даг Форд, изрази олеснување што нема жртви во инцидентот: „Олеснет сум што нема загинати по инцидентот во Торонто Пирсон. Провинциските власти се во контакт со аеродромот и локалните власти и ќе обезбедат сета потребна помош.“

Ова е барем четвртиот голем авијациски инцидент во Северна Америка за само еден месец.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *