Нетанјаху и Трамп и нивната нова „визија“ за Газа: „Овој предел би можел да стане најубавата ривиера на Блискиот Исток“
Бенјамин Нетанјаху сподели визија за иднината на Газа, само неколку месеци откако Доналд Трамп ги претстави своите контроверзни планови за регионот.
Израелскиот премиер објави план – проследен со CGI-слики – за трансформација на Газа во модерен урбан центар. Предлогот наликува на визијата на Трамп, кој минатата недела изјави дека Газа може да стане „Ривиера на Блискиот Исток“.
Според „The Sun“, постојат наводи дека Трамп бил запознаен со оваа идеја преку Нетанјаху. Надaв Штраухлер, поранешен стратег на Нетанјаху, за медиумите изјави: „Мислам дека ова му било претставено на Трамп на некој начин. Тој не се разбуди едно утро и ја измисли идејата сам“.
Плановите, наречени „Газа 2035“, прикажуваат облакодери и железничка линија што ја поврзува областа со нео-футуристичкиот град НЕОМ. Предлогот ја нагласува доминацијата на САД и ветува „просперитет наместо криза“, трансформирајќи ја енклавата „од ништо“.
Изјавите на Трамп, кој најави дека „САД ќе ја преземат контролата врз Газа“ и ќе ја претворат во „неверојатно меѓународно место“, предизвикаа глобални реакции. Според него, овој потег ќе создаде „илјадници работни места“ и ќе привлече луѓе од целиот свет.
Изјавата предизвика силни осуди, а британскиот премиер Сир Кир Стармер беше меѓу оние што се дистанцираа од коментарите, нагласувајќи ја важноста на решение со две држави.
Коментирај анонимно