Неверојатна иновација што спасува животи. Новиот начин на осветлување патишта во Австралија стана вирален хит и населението го одобрува!

Генијален нов изум од мала австралиска компанија, користи производ кој најчесто се наоѓа во детските играчки и може да спаси илјадници животи.

„Tarmac Linemarking“ од Викторија Гипсленд ги пробува своите нови фотолуминисцентни линии на патишта од 1 километар во југоисточниот дел на државата и има неверојатни резултати кои станаа вирални.

Облогата на линиите проектира светлина што ја апсорбира и складира во текот на денот, создавајќи посветла ознака ноќе.


„Постоеше голем интерес откако го пробавме, тоа е одличен производ“, изјави претседателот на компанијата.

Регионалната австралиска компанија верува дека производот може да се користи за темни паркиралишта, тротоари и рампи за бродови, како и за зголемување на безбедноста на патиштата.
Програмата е една од 70-те испитувања на владата на Викторија, на кои имаат потреошено 40 милиони австралиски долари.

Државната влада, исто така, размислува за воведување тротоари со „LED“ осветлување во близина на раскрсниците и подобрување на рефлектирачките ознаки.

„Овој третман ќе им олесни на возачите да ги видат ознаките на линијата или сигнализацијата и ќе обезбеди посилна дефиниција до раскрсниците и кривините, давајќи им на возачите повеќе време да реагираат и спречувајќи ги да скршнат од нивната лента“, велат од „Regional Roads Victoria“.

„Ова ќе биде особено корисно за луѓето кои не се запознаени со возењето низ областа“.

„Tarmac Linemarking“ вели дека во облачните денови линиите ќе бидат помалку изразени отколку во сончев период, но сјајот ќе биде најсилен за време на опасниот мрак“

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *