X

Неверојатна снимка од Словенија: Со уништено Audi и хауба преку шофершајбната влегува во тунел – а тоа било само почеток

На Горенскиот автопат во Словенија е снимена сцена што изгледа како да е извадена од акционен филм. Целосно искршено црно Audi продолжува да се движи по автопатот, а непосредно пред влезот во тунел му се крева хаубата и речиси целосно му го попречува погледот на возачот. Сепак, тој не застанува. Според словенечките медиуми, зад воланот бил 21-годишник кој претходно предизвикал сообраќајна несреќа и избегал, а она што следувало било уште подраматично. Набргу потоа полицијата го запрела, но при интервенцијата младиот човек му го одзел службениот пиштол на еден од полицајците и го застрелал, по што зел полициско возило и повторно избегал.

 

  • vase напиша:

    Ауди си е Ауди!!! Затоа и нивниот слога е: “Vorsprung durch Technik” („Напредок преку технологија“). Возам Ауди А3, увезено од Словенија, старо 20 години со поминати 150.000км, сеуште во одлична состојба!

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *