Неверојатно! Ексклузивни видеа од ударот на вселенското летало „ДАРТ“ на „НАСА“ со астероид, кој патува со брзина од 22.530 километри на час!

Вселенското летало „ДАРТ“ на „НАСА“ го заврши првиот тест за планетарна одбрана, откако го удри астероидот „Диморфос“ додека патуваше 22.530 километри на час.

„Луѓе – 1, астероид – 0“, рече коментатор на преносот во живо, истакнувајќи колку е неверојатно што луѓето извршиле таква епска мисија.
„НАСА“ исто така објави „твит“, откако вселенското летало „ДАРТ“ се судри со астероидот широк 170 метри, на околу 100 милиони километри оддалечен од Земјата.

Научниците веруваат дека ударот издлабил кратер, исфрлил остатоци од камења и нечистотија во вселената и што е најважно, ја променил орбитата на астероидот. „НАСА“ нема да ги знае резултатите уште најмалку два месеци, откако телескопите врзани за Земјата ќе соберат податоци за „Диморфос“ и неговиот близнак „Дидимос“, околу кои целниот астероид орбитира. Сепак, научниците рекоа дека мисијата дала „идеален исход“.

Со ударот на „Диморфос“, „НАСА“ се надева дека го турнала во помала орбита, намалувајќи го 10 минути од времето потребно за да се заокружи „Дидимос“, што моментално е 11 часа и 55 минути.

Таквата мисија може да предизвика сеќавања на холивудски филм за катастрофа како што е „Армагедон“, но ова е многу реално и може да ја спаси Земјата од судир со смртоносна вселенска карпа.
Администраторот на „НАСА“, Бил Нелсон, му честиташе на тимот на „DART“ веднаш по завршувањето на мисијата, нагласувајќи како успешниот тест еден ден може да го спаси човештвото.

„Покажуваме дека планетарната одбрана е глобален потфат и многу е можно да се спаси нашата планета“, рече Нелсон.

И „SpaceX“ на Илон Маск ја поздрави „НАСА“ за успешната мисија.

„Честитки за успешното уривање на вселенско летало во астероид“, објави компанијата на милијардерот, претприемач на својот твит.

Персоналот на американската вселенска агенција навиваше и ракоплескаше на видеото споделено на интернет додека леталото со големина на автомат успешно удри во „Диморфос“, кој е со големина на фудбалски стадион.

„И ние имаме влијание. Триумф за човештвото во име на планетарната одбрана“, рече член на тимот на „НАСА“ во видеото снимено во контролната соба додека се случува судирот.

Инженерите велат дека „ДАРТ“е целосно уништен, но можеби има парчиња од него во кратерот што го оставил при ударот – а некои од тимот рекоа дека пролеале солза знаејќи дека леталото сега го нема.

„Земјаните треба да спијат подобро, а јас дефинитивно ќе спијам“, вели Адамс, еден од главните научници во ова истражување.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *