Неверојатно ПОНИЖУВАЧКИ: Младоженец со неговите пријатели му платиле на бездомник 100 евра за да направи бизарна тетоважа на неговото чело, но по 4 години од настанот животот на бездомникот се менува…

Бездомник на кој група момци во Бенидорм му платиле 100 евра, за да направи бизарна тетоважа, конечно е на целосен пат да ја отстрани.

На секои два месеци во изминатата година, Томек Матушевки (39) од Полска бил подложен на мачна процедура од четири минути за да се отстрани името на младоженецот од неговото чело.

 

 

 

Сега поголемиот дел од тетоважата е избришана, иако има уште три последни сесии да издржи, бидејќи кожата на челото е премногу тенка за да се отстрани одеднаш.

„Тоа е најлошата болка што сум ја осетил досега во мојот живот“, вели Матушевки.
„Тоа е како навистина врело железо да ви го притиска челото секоја секунда – апсцесот на забите не е ништо во споредба со ова“.
Во 2018 година, обучениот готвач живеел на улиците на добро познатото туристичко одморалиште, кога бандата Британци му понудила 100 евра за да ја направи тетоважата.

Очаен и гладен, откако отишол до Шпанија по болната разделба од свршеницата дома во Полска, тој доброволно прифатил.

Но, дури следното утро кога се разбудил со името „Џејми Блејк“ на челото, целосно го сфатил понижувачкото чувство.
Намерата била г-дин Матушевки исто така да има „North Shields, NE28“ истетовирано, односно домашната адреса на Блејк, но тој не можел да ја поднесе мачната болка по првите две букви и тие морале да престанат.

„Потоа беше страшно – почувствував дека сите ме гледаат. Морав да одам насекаде со капа. Дури добивав повици од пријатели во Полска кои прочитале за тоа во весниците“, рече тој.

 

Додека повеќето луѓе сочувствувале со неговата мака, за други тоа бил знак дека може да го третираат како „помалку вреден затоа што живеел на улица“.

Веста за суровата ситуација предизвика бура во тоа време и во Шпанија и во странство, при што „Британската бизнис асоцијација Бенидорм“ го означи како „крајно нечовечки и слично на злоупотреба“.

Г-дин Матушевки повикал еден член од групата момци, за кој тој тврди дека му платил да ја направи тетоважата и да побара извинување.

Но, тој откри дека добил „нула извинување“, па дури ни комуникација од Блејк или некој од одговорните.

„Дали би му го направиле тоа на својот најголем непријател?“, праша г-дин Матушевки.

Тој сега сака Блејк, јавно да се извини и да ја плати сметката за отстранувањето на тетоважата, која досега достигнала приближно 1.500 евра.
Г-дин Матушевки, исто така, ги отфрлил кукавичките тврдења на Блејк за „Evening Chronicle“ дека тој не бил вистинска жртва и дека не бил платен, како „тотални лаги“.

 

Тој тврдел дека г-дин Матушевки не е бездомник и дека живеел со негов пријател. „Се опијанив и ме замолија да го напуштам барот. Никогаш не сум бил во салон за тетоважи и колку што знам не му биле платени пари“.

Но, од овој болен настан, животот на г-дин Матушевки се променил на подобро, вклучувајќи го и отстранувањето на тетоважата која била целосно платена од невладина организација која им помага на бездомниците наречена „Project4all“.

Благодарение на помошта на непрофитната организација, Матушевки се тргнал од улиците, го победил својот проблем со пиењето и сега работи таму. Тој помага да се доставува храна, облека и поддршка за оние на кои им е најмногу потребно.

 

 

„Имам своја соба и секој ден се обидувам да им помогнам на луѓето на улица, со храна, облека, малку разговор и насмевка со нив, за да им дадам до знаење дека не се сами“, објаснува тој.

И покрај промената во неговиот живот, на Матушевки неодамна му била дијагностицирана остеонекроза на двата колкови, што значи дека коските полека му попуштаат. Неговиот случај бил толку тежок што лекарот што му поставил дијагноза бил зачуден што можел да оди до клиниката само со помош на стап за одење.

Невладината организација „Project4all“ собира средства за финансирање на двете операции за замена на секоја коска на колкот на Матушевки, со цел од 18.000 евра за операциите да се направат приватно.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *