Невообичаени шестоаголни дијаманти од древна џуџеста планета, долетаа на Земјата!

Чудни шестоаголни дијаманти од метеорити се пронајдени во северозападна Африка. Тие содржат дијаманти поцврсти од оние на Земјата. Па, така, научниците открија како се создава ретка форма на дијамант во вселената.

Пред милијарди години, во внатрешниот Сончев систем, постоела џуџеста планета чија обвивка содржела јаглерод. По катастрофалниот удар со голем астероид, овој јаглерод бил компримиран, каде атомите на јаглеродот се организирани во хексагонална решетка наместо кубната структура на обичните дијаманти.

Кристалите го добиле името по британската кристалографка Кетлин Лонсдејл.
Кристалите Лонсдејл биле заробени во уреилитните метеорити (ретка форма на камена вселенска карпа) богати со јаглерод, обично графит и нанодијамант.

Во нова статија во „Зборникот на Националната академија на науките“ во Лондон, истражувачите воспоставија врска помеѓу сите овие различни минерали базирани на јаглерод, кои сугерираат дека дијамантите настанале од обвивката на одамна мртва џуџеста планета.

Истражувачите тврдат дека графитот се претворил во дијамант по одрено време во вселената. Графитот е составен од слоеви на јаглерод распоредени во хексагонална мрежа.

Тимот научници верува дека ударот произвел суперкритична течност составена од јаглерод, водород, кислород и сулфур. Тие комуницирале со графитот при високи температури и умерени притисоци, што му овозможило на јаглеродот да ја задржи шестоаголната дистрибуција на графитот, но само во тродимензионален простор, а не во дводимензионален.

Поради оваа структура, се смета дека „Лонсдејлот“ е многу потврд од дијамантите, но досега тоа било тешко да се потврди бидејќи не се пронајдени многу на Земјата. Сепак, како што велат научниците, четирите африкански метеорити содржеле кристали мали колку еден микрометар, односно 1.000 пати повеќе од кога и да биле пронајдено досега.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *