Ни две минимални плати не се доволни за едно семејство да го преживее месецот

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во април изнесувале 49.384 денари, што значи дека на едно семејство со две минимални плати од околу 20 илјади денари ќе му недостига барем уште половина плата за да може да ги подмири основните потреби.

Најмногу пари или 19.224 денари биле потребни за храна и пијалоци, како и за режиски трошоци (13.423 денари).

 

„И покрај сите мерки на Владата, трошоците за храна и пијалоци за само една година се зголемени за 2.766 денари, а во 2023 година ниту еднаш не е намалена вредноста на храна и пијалоци во делот на Синдикалната минимална кошница што покажува дека функционерите си го гледаат само нивниот интерес и знаејќи го овој факт си ги зголемија нивните плати за 2.000 денари дневно или за 78 проценти месечно“, велат од Сојузот на синдикати на Македонија.

Според Државниот завод за статистика индексот на трошоците за живот во април 2023, во однос на април 2022 бележи зголемување од 13%. Исто така забележан е и пораст на трошоците на живот во април 2023, во споредба со претходниот месец, и тоа кај цигарите 8,1%, свеж зеленчук освен компирот и другите коренести плодови 2%, месото 1,4%, виното 1,2%, кафе, чај, какао 0,5%, минерална вода, газирани сокови, сокови од овошје и зеленчук како и жестоките пијалоци за 0,4%, рибата и морските плодови за 0,2%.

Македонската Влада ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари, од 5 април се замрзнати цените и на 11 видови овошје и зеленчук. Претходно беше донесена одлука за замрзнување на цените на основните производи, јајцата и оризот, тестенините и млечните производи.

Но, статистиките од регионот потврдуваат дека месечните расходи за храна растат и се повисоки од приходите. Заштедите на граѓаните полека ги снемува, а платите не растат до тој степен за да ги подмират сите новонастанати трошоци.

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.

  • xakia напиша:

    welcome to the north

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на xakia Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *