„Ние сме близначки коишто се сликаме голи заедно – тоа нѐ зближува повеќе од кога и да било претходно“
Запознајте ги идентичните близначкии кои се поблиски од било кои други близнаци на светов, а тоа го докажуваат и со нивниот заеднички профил на „OnlyFans“.
20-годишната австралиска двојка, Амелија и Ејприл Медисон, станаа популарни на интернет благодарение на нивната „жешка“ содржина. Иако велат дека многу луѓе мислат дека тоа е „чудно“, не им е грижа што велат другите.

Ејприл и Амелија не можеле да дочекаат да наполнат 18 години за да почнат да се соблекуваат во локалниот стриптиз клуб. Не поминало долго време пред да сфатат дека можат да заработат многу пари на „OnlyFans“, и на крајот заработија до 6 милиони австралиски долари за нешто помалку од две години. Покрај тоа што имаат „неверојатен живот“, тие исто така велат дека имаат многу слобода, бидејќи кариерата им овозможила да се иселат од својот дом, да ги купат своите први автомобили и наскоро ќе купат и куќа заедно.

Зборувајќи ексклузивно за „Дејли Стар“, близначките објаснија колку тоа им помогнало да го издржуваат семејството и да си дадат живот за кој досега можеле само да сонуваат.
На прашањето зошто мислат дека нивната содржина е толку популарна, тие велат: „Многу луѓе очигледно имаат фетиш на близнаци! Идентичните близнаци се навистина ретки и ги нема многу на „OnlyFans“, така што ние сме единствени на тој начин и се издвојуваме. Луѓето се навистина љубопитни што работиме. Работата заедно не направи поблиски од кога било. Научивме навистина да ги почитуваме меѓусебните граници, никогаш да не се притискаме да правиме нешто што не сакаме да го правиме и само да бидеме повеќе во склад една со друга“.

Близначкте велат дека разбираат зошто некои луѓе можеби мислат дека тоа што го прават е „чудно“, но забележаа дека овие луѓе веројатно немаат идентичен близнак, па затоа не ја разбираат блискоста на нивната врска.
Во минатото, тие се соочиле со многу критики од поширокото семејство. Еден постар машки роднина дури испратил фотографии од страницата на девојките „OnlyFans“ до целото нивно семејство. Пред тоа, нивното семејство не знаело ништо за нивниот „проект“. Иако признале дека тоа навистина влијаело на нивниот однос со семејството, тие немаат намера да се откажат. Амелија и Ејприл имаат најголема почит една кон друга и нема да направат ништо за што не се согласуваат.

Кога 2 жени се сликаат голи (па макар биле и сестри!!!), тоа е во ред, секси, жешко и слични глупости!
А, кога 2 мажи се сликаат (ај нека бидат на пример братучеди), тоа е гнасно, педерски, ЛЏПД и глупо!
И со 2 хипотенузи не се согласувам! Но, работа си е работа! Некоја госпоџа завршила факултет и работе на пример во ИТ компанија, но некоја имала кецови у школо и снима слики и видеа за OnlyFans…
Коментирај анонимно