„Ние сме експерти за менаџмент на човечки ресурси во врвни компании – еве ги главните причини поради кои одбиваме кандидати (и не, не е секогаш причината резимето)“

Експертите за човечки ресурси во врвни компании ги открија деталите што ги тераат веднаш да одбијат кандидат – и тоа оди подлабоко од печатните грешки во резимеата.

Неколку регрутери се собраа на „Reddit“ за да ги наведат бизарните искуства со интервјуа што ги имале, вклучително и оние кои бараат работа кои активно користат вештачка интелигенција како „ChaatGPT“ за да одговорат на прашањата.

 

 

 

Други како непожелни особини ја наведоа лошата хигиена, изразениот мирис на телото и фалењето со пиењето на ноќните излегувања. Регрутерите, исто така, ги отфрлале кандидатите кои ги носеле своите родители на интервјуата бидејќи тоа покажува недостаток на независност. Исто така, претходно беше откриено дека една третина од регрутерите ги одбиле кандидатите откако ги погледнале нивните профили на социјалните мрежи.

Еден сподели „диво“ искуство со некој што користел вештачка интелигенција.

„Направив видео-интервју со една госпоѓа која, по неколку прашања, беше очигледно дека таа само ги внесува прашањата во „ChatGPT“ и ги читаше одговорите“.

„Ова ми кажа дека или не знаела ништо за позицијата, или имала толку мала доверба во своите вештини што ќе треба постојано да биде во сенка наместо да може на крајот да работи самостојно. И двете се инстант „не“.

 

 

 

Освен што не се користи вештачка интелигенција за одговарање на прашања, важен е и правилниот бонтон за време на интервјуата на „Зум“.

„Мојот шеф еднаш имаше кандидат за работа на „Зум“ што се појави без кошула“.

Други споделија дека силниот мирис – без разлика дали е позитивен или негативен – исто така влијаел на нивните одлуки за вработување.

„Ако смрдите од другата страна на масата, тоа е инстант „не“ од мене“, рече еден.

„Една жена имаше исклучително силен парфем од роза. Не можев да се фокусирам на интервјуто“, сподели друг.

Друг сподели дека еден кандидат извадил шише од неговата актовка и испил долга голтка за време на интервјуто.

Неколку други споделија релативно стандардни причини поради кои ги одбиваат кандидатите, како што се празни резимеа, неисполнување на минималните барања и немање право на работа или потреба за виза.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *