Ник Поуп: „НЛО привлекуваат нуклеарно оружје. Американската влада го подготвува светот за откривање информации за вонземјани“

Ник Поуп работел три години во Министерството за одбрана проучувајќи извештаи за забележани НЛО, а сега тврди дека постои дефинитивна врска помеѓу вонземјаните и употребата на нуклеарно оружје.
Тоа се случувало во близина на нуклеарни бази, полигони за тестирање или нуклеарни носачи на авиони и подморници.
Еден од најистражените инциденти е падот на НЛО на воениот полигон Вајт Сендс во Ново Мексико во 1945 година, каде што САД ја тестираа првата атомска бомба во светот еден месец порано.

 

 

Сведоците, вклучително и пилот на бомбардерот Б-52, сообраќаен полицаец и американски маринец, тврдеа дека ги виделе остатоците од голем овален објект „управен од тенки суштества високи повеќе од 2,5 метри со големи испакнати очи“ кои изгледале како богомолки кои се молат.

Ник за американската телевизија изјави дека се чини дека постои некаква поврзаност помеѓу употребата на нуклеарно оружје и забележаните НЛО.
Минатата недела го добивме најновиот извештај од Канцеларијата на директорот на националното разузнавање кој го истакнува фактот дека во моментов има неколку стотици повеќе видувања под истрага, воени видувања, отколку што сме слушнале досега.

Американската влада гледа „огромен пораст“ во извештаите за НЛО, а официјалните лица не разбираат зошто. Тие зборуваат за необични карактеристики на летот и оперативни параметри на објектите.
Во другите вести, американскиот конгресмен Тим Бурчет вели дека властите со векови го прикривале постоењето на вонземјани.

 

Буршет води кампања за декласификација на сите досиеја на американската влада за извештаите, бидејќи е убеден дека Америка е подготвена „за вистината“.
Буршет (58) рече: „Верував во овие феномени долго време“, рече тој во интервју за американското телевизиско ток-шоу „News Nation“. Јас сум христијанин. Ја читам мојата Библија. Првото поглавје од книгата Езекиел е прилично јасно за видувањата на НЛО“.

Претходно, Ник Поуп рече дека американската влада го подотвува светот за откривање информации за вонземјани.

  • Васе напиша:

    Ник работел како цивил во Министерството за одбрана (MoD) на Обединетото Кралство не 3 години како сте навеле, туку 21 година (!) од 1985 до 2006 и меѓу останатите обврски, проучувал и НЛО феномени.

  • aneta напиша:

    Go ima tipov vo mnogu dokumentarci za NLO

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на Васе Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *