Никогаш не е доцна! Желката- господин Пиклс, стана татко за прв пат на 90 години и ги збуни сите, дури и неговата помлада 53 годишна партнерка!

90-годишната желка по име Мистер Пиклс докажува дека никогаш не е доцна да се биде татко.

Зоолошката градина во Хјустон објави дека тој и 53-годишната г-ѓа Пиклс дочекале три младенчиња од желки по име Копра, Корнишон и Халапењо.

 

 

Г-дин и г-ѓа Пиклс се „двојка“ откако таа за првпат пристигна во зоолошката градина во 1996 година, но таткото веќе бил жител таму 36 години.
Додека г-дин и г-ѓа Пиклс се заедно со децении, таа неодамна снесе јајца – и сосема случајно еден чувар на херпетологијата видел дека тоа се случува.

А среќната глетка веројатно ги спасила животите на младенчињата.

Зоолошката градина објасни дека почвата во Хјустон не е гостопримлива за желките домородци од Мадагаскар и мала е веројатноста дека јајцата би се извеле сами. Чуварот брзо ги собрал јајцата и ги донел во Куќата за рептили и водоземци.

 

 

Овој вид сега е рангиран како критично загрозен од Црвената листа на „IUCN“ поради илегалната трговија со домашни миленици што ги краде од нивните природни живеалишта.

Претседателот на Алијансата за опстанок на желките, Рик Хадсон, во изјава од 2010 година рече: „Овие желки се навистина под опсада сега како никогаш досега и ако не можеме да повлечеме линија во песокот околу заштитените области, тогаш ќе го изгубиме овој вид. Не можам да се сетам на вид желка што претрпела побрза стапка на опаѓање во модерното време, или подрастична контракција во опсегот, од „зрачената“ желка. Ова е кризна ситуација од највисоки размери“.

 

 

И додека интервјуто беше дадено пред повеќе од една деценија, „зрачената“ желка сè уште е загрозена од нелегалната трговија со домашни миленици.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *