Никој не очекуваше вакво сведочење за сообраќајка: Двете близначки приредија шоу во живо со нивното синхронизирано зборување
Наместо класично сведочење за сообраќајка, австралиските близначки Бриџит и Пола Пауерс приредија вистинско шоу во живо. Додека раскажуваа како крадец излетал од украден автомобил и им уперил пиштол, тие зборуваа синхронизирано – буквално како да делат еден мозок.
Интервјуто за 7News стана вирално не толку поради драмава со крадецот, туку поради тоа што сестрите цело време зборуваат во ист момент, си ги довршуваат речениците и дури ги прават истите гестикулации.
Ќе бидете толку фacцинирани од нивната “телепатска врска” што нема ни да го запаметите она што навистина се случило со крадецот.
Коментирај анонимно