Никол Кидман ги покажа фармерките што ќе ги носиме оваа есен

Фармерките со форма на буре, познати како „barrel jeans“, брзо се претворија во еден од најголемите трендови во фљрмерките оваа сезона. Нивната специфична силуета, која наликува на балон, изгледа непринудено, но истовремено мошне елегантно, а Шенон Магленте за „Good Housekeeping“ пишува: „а мене лично ми се допаѓа како лесно му даваат порафиниран изглед на целокупниот стајлинг, без притоа да прават каков било компромис со удобноста“. Нивната необична форма можеби изгледа застрашувачки за луѓето кои досега ги немаат пробано, но најновото модно издание на Никол Кидман нуди јасна инспирација како правилно да се носат.

Никол Кидман ги покажа фармерките што ќе ги носиме оваа есен

Во Сохо, 59-годишната актерка ги спои широките фармерки, Шанел и бордо плик-чанта

Неодамна холивудската актерка се појави со вакви фармерки со форма на буре за време на прошетка низ познатиот кварт Сохо во Њујорк. Таа го искомбинира широкиот деним со краток тантелен топ на тенки прерамки, под елегантен беж мантил на „Шанел“ (Chanel), а целиот моден изглед го заокружи со впечатлива плик-чанта во длабока бордо боја. Без оглед на тоа дали Никол го испланирала секој детал однапред, токму суптилните стилски решенија го прават овој аутфит толку успешен и хармоничен.

Во Сохо, 59-годишната актерка ги спои широките фармерки, Шанел и бордо плик-чанта

Ниски потпетици во беж нијанса наместо тежина во долниот дел од силуетата

Деликатниот краток топ успешно ја балансира широката и опуштена кројка на фармерките, а иако мантилот ѝ допира речиси до колената, тој има структурирана форма и вталена силуета која ја издолжува линијата на телото. Да не го заборавиме ниту нејзиниот избор на обувки – Никол се одлучи за чевли со ниска потпетица во беж нијанса. Нивните чисти и елегантни линии ја урамнотежуваат ефектната форма на фармерките и му даваат на целиот стајлинг префинетост, наместо да создаваат чувство на тежина во долниот дел од силуетата. „Сметам дека и минималистички балетанки или елегантни кожени чизми исто така одлично би се вклопиле со ваков модел“, советува Шенон Магленте.

Ниски потпетици во беж нијанса наместо тежина во долниот дел од силуетата

Аманда Константин забележа женствен пристап кон силуета со помажествено модно чувство

Аманда Константин, позната модна аналитичарка, исто така смета дека Никол успеала беспрекорно да го совлада овој тренд: „Елегантната линија на нејзиниот мантил, нежните тантелни детали на топот и софистицираниот изглед на обувките со заострен врв се спојуваат на начин што совршено го балансира лежерниот, утилитарен крој на фармерките со форма на буре. Ова е изразено женствен пристап кон стилизирањето на поширока силуета, која инаку во основа носи поопуштено и помажествено модно чувство“, истакнува таа.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *