НЛО се забележани како летаат на темната страна на Месечината во видео снимено среде бел ден – но не сите гледачи се убедени. Дали „Тикток“ е релевантен извор за вакви информации?

Два неидентификувани летечки објекти се „забележани“ над темната страна на Месечината, тврди корисник на социјалните мрежи.

Најмалку два бели објекти очигледно може да се видат како лебдат над Месечината на снимката објавена на „TikTok“ минатата недела.

 

 

Видеото на „TikTok“, објавено од корисникот Лари Лу, е насловено „Каков е овој објект во близина на Месечината?“ и има над 4,6 милиони лајкови и 100.000 коментари.
Но, некои корисници истакнаа дека човекот што го постирал видеото се опишал себеси како „уметник на компјутерска графика“ во неговата биографија пред да биде отстранет описот.

 

 

Некои корисници на „TikTok“ шпекулираа за објектите, а еден рече дека Месечината е „вселенска станица“ што ја користат вонземјани.
Друг коментатор сугерираше дека камерманот можеби користел „Nikon Coolpix P1000“ за да го сними клипот.

Апаратите кои чинат над 1000 долари на „Amazon“ имаат оптички зум до 125x. Еден корисник додаде: „Тие се неверојатни“.