Нотр-Дам и нејзината трагедија што откри тајни стари со векови

Катедралата Нотр-Дам во Париз, симболот на француската историја и генијалноста на човештвото, за малку ќе исчезнеше засекогаш. Во април 2019 година, светот во шок следеше како катастрофален пожар ја проголта оваа готска убавица, оставајќи зад себе пепел и болка. За петнаесет часа огнот уништи дел од покривот, го стопи оловниот шпил и разори делови од внатрешноста, а причината – банална: технички дефект или цигара.

 

Нотр-Дам и нејзината трагедија што откри тајни стари со векови

Иновација во готиката

Но, токму во овие остатоци, експертите открија нешто неочекувано. Во носечките елементи на катедралата беа пронајдени железни столбови – вградени уште од 12 век, со цел зајакнување на камената структура. Ова целосно ја менува досегашната слика за готската архитектура, бидејќи се сметаше дека таква технологија се појавила многу подоцна. Радио-јаглеродната анализа на 12 примероци потврди дека токму Нотр-Дам е прв пример на ваква иновативна конструкција.

Изградбата на катедралата започнала во 1163 година и траела речиси два века. Со своите над 30 метри височина, таа била најголемата градба на своето време. Средновековните мајстори, некогаш сметани за примитивни, всушност биле вистински визионери кои користеле илјадници железни столбови, а материјалите доаѓале од различни места – доказ за напредна трговија и металургија.

 

Иновација во готиката

Можност за да се дознае вистинската вредност

Иронично, токму пожарот – симбол на уништување – овозможи археолозите да ги откријат овие скриени слоеви од историјата. Наместо само загуба, трагедијата стана можност да се продре подлабоко во минатото и да се препознае вистинската вредност на културното наследство. Историјата понекогаш се открива во најнеочекуваните моменти – кога мислиме дека сè е изгубено.

 

Можност за да се дознае вистинската вредност

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *