НОВ ТРЕНД: Жени се мажат сами за себе, откако момците ќе им ветат брак, па им раскинуваат

Една 35-годишна девојка се омажила за себе на интимна церемонија пред семејството и пријателите, откако раскинала со долгогодишното момче.

Животниот и деловниот тренер Мег Тејлор Морисон, од Атланта, Џорџија, отсекогаш сакала да се омажи за Ноќта на вештерките 2020 година, но откако се разделила од својот партнер само четири месеци пред тој датум, нејзините соништа да се венчаат на таа ноќ биле уништени.

 

 

Тоа било шок сѐ додека не дознала за церемониите за самовенчавка – и одлучила дека не сака да чека да дојде совршениот партнер пред да ја организира нејзината совршена свадбена церемонија.

Сепак, Мег признава дека не ѝ било секогаш сосема удобно да планира свадба за сама за себе и често се прашувала дали нејзините пријатели и семејството ќе ги сметаат нејзините постапки како нарцисоидни или како компензација за тоа што нема сопруг.

 

 

 

Мајката на Мег на почетокот се чувствувала загрижена дека нејзината одлука да се омажи самата може да биде егоистичка. Меѓутоа, за Мег, главната причина за мажење со себе била да се оддалечи од обидот да им угодува на другите луѓе и наместо тоа да се фокусира на ставање на себеси на прво место.

На самата церемонија присуствувале десет од најблиските пријатели и семејството на Мег при што сите гости се придржувале до строгите упатства за COVID-19.

За Мег, стапувањето во брак со себе е исклучително позитивно искуство што ја потсетува да има доверба во сопственото расудување и секојдневно да го става сопственото здравје и среќа на прво место.

 

 

„Сакав да се омажам за себе како чин на самољубие“, вели Мег. „Отсекогаш мислев дека ќе се омажам на Ноќта на вештерките 2020 година, но наместо тоа, поминав низ многу тежок љубовен раскин, непосредно пред тоа во јуни. Сум слушнала за церемонии за самовенчање и помислив дека не ми треба некој друг да ја има оваа свадба.За самиот ден на свадбата, си ја средив косата и купив фенси торта што отсекогаш ја посакував, мојот фустан, прекрасните обетки Сваровски и мојот венчален прстен. Сето тоа чинеше околу илјада фунти вкупно“.

„Тоа беше најубавото искуство што можев да си го дозволам сама на себе“, заклучува таа.

 

  • Ljube напиша:

    So sreka neka i e.

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на Ljube Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *