Нова апликација на ЦУК – 112: Итните служби во реално време ќе добиваат локација, фотографии и видео

Центарот за управување со кризи (ЦУК) најави нова мобилна апликација „Where Are You“, со која граѓаните во итни ситуации ќе можат побрзо и поефикасно да комуницираат со службата 112. Идејата е информациите од местото на настанот да стигнуваат директно до службите што треба да реагираат, без губење време и без непотребни објаснувања кога секунда може да биде пресудна.

Нова апликација на ЦУК - 112: Итните служби во реално време ќе добиваат локација, фотографии и видео

Мухамед Али најави дека граѓаните наскоро ќе ја имаат „Where Are You“

Директорот на ЦУК, Мухамед Али, најави дека наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“, која ќе овозможи побрза и поефикасна комуникација со службата 112 во итни ситуации.
Апликацијата, според најавеното, ќе овозможи прецизно испраќање на локацијата од местото на настанот; „Испраќање фотографии од местото на настанот; Испраќање видеа од местото на настанот; Директна видео-комуникација со Оперативниот Центар во итни ситуации“.

Мухамед Али најави дека граѓаните наскоро ќе ја имаат „Where Are You“

„Silent Call“ ќе овозможи тивко барање помош без зборување

Дополнително, ќе биде достапна и функцијата „Silent Call“, наменета за жртви на семејно насилство и за лица кои се наоѓаат во опасност, за да можат тивко и безбедно да побараат помош.
Од ЦУК велат дека новите функционалности ќе придонесат за побрза и поефикасна реакција на итните служби.
„Со воведувањето на овие нови функционалности продолжуваме да го модернизираме системот 112, обезбедувајќи поголема сигурност за граѓаните, попрецизно пренесување на информациите и поефикасна реакција на надлежните служби во итни ситуации“, истакна Али.

„Silent Call“ ќе овозможи тивко барање помош без зборување

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *