Нова луда автомобилска трка: Кој прв ќе успее да се качи со автомобилот на приколка во движење
Трката се вика „Крал на ридот“, се одржа во Њу Хемпшир, САД.
Правилата се едноставни, ама тотално ненормални: пикап влече приколка со рампа и цело време кружи по патеката. Возачите го бркаат, треба да се наместат зад приколката, со автомобилот да се качат на неа додека и двете возила се движат и да успеат да останат таму. Нормално, обидите завршуваат со удирања, излетувања и вртења.
И има победник: Џон Мекинис со автомобил број 609, успеал да се качи и да остане на платформата и станал првиот победник на ова натпреварување.

Коментирај анонимно