Нова откриена тарантула со 8 очи, наречена „Сатана“ којашто ќе ве прогонува во вашите кошмари откако ќе ја видите

Неодамна е откриен нов вид на тарантула со осум очи и е наречена „сатана“ што демне во мочуриштата.

Научниците го открија влакнестиот пајак во планините во централниот и западниот дел на Еквадор додека ловеле нови видови дрвни пајаци во 2021 година.

Официјално наречен Psalmopoeus satanas , или Сатана тарантула, поради неговиот особено „лош темперамент“, пајакот се наоѓал под бамбусовото дрво, но одбил да биде заробен без борба.

 

 

 

Пајакот се обидел да побегне со „брзи спорадични движења, речиси пребрзи за да се види“, се вели во студијата. Кога го вратиле животното во лабораторија, научниците откриле уникатни физички карактеристики и утврдиле дека станува збор за сосема нов вид.

 

Според студијата, темно-кафеавата сатанска тарантула е долга нешто помалку од 5 сантиметри со осум очи и осум нозе обложени со „златни“ влакна.
Научниците од Универзитетот во Сан Франциско де Кито „многу го сакале“ примерокот додека го проучувале и покрај неговиот „лош темперамент и спорадични напади“.

Видовите од родот Psalmopoeus се отровни.

 

 

Студијата вели дека видот на пајакот треба да се смета за „критично загрозен“ поради заканите со кои моментално се соочува неговиот екосистем, како што се нелегалното рударство и земјоделската индустрија. Живее во планините на Андите.

Половина свет подалеку во мангровите мочуришта во централниот дел на Мјанмар, неодамна беше откриена нова змија.
Зелените змии првпат беа погрешно идентификувани во 2000 година, меѓутоа, подоцнежната ДНК анализа на „криптичните“ суштества откри дека животните припаѓаат на „различен вид“, според друга студија објавена оваа недела во „ZooKey“.
Истражувачите проучувале 19 примероци и утврдиле дека змијата е уникатен вид: Trimeresurus ayeyarwadyensis.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *