Нова студија открива: Контроверзниот пестицид ГЛИФОСАТ, за која се смета дека е канцероген, предизвикува потешкотии и проблеми со мозокот кај децата. До кога ќе се чека за забрана за негова употреба?

Двата најкористени пестициди во светот може да предизвикаат слаба меморија и проблеми со социјалните вештини кај децата, предупреди едно истражување.

Користејќи примероци од урина, истражувачите открија дека трагите од глифосат, најсилно применуваниот пестицид во САД и вообичаениот уништувач на плевелите 24Д, се поврзани со лоша функција на мозокот.

Истражувачите од Универзитетот во Калифорнија во Сан Диего откриле дека глифосатот е присутен во 98 проценти од 520 примероци. Луѓето може да бидат изложени на хемикалии со јадење загадена храна или пиење вода, а се смета дека супстанциите влијаат на нервите во мозокот поврзани со меморијата и учењето. Други истражувања покажаа дека глифосатот е во 90 проценти од производите на база на пченица, како што се пицата, крекерите и тестенините.

 

 

 

Во текот на последните две децении, има значителен пораст на хронични болести и нарушувања на менталното здравје кај младите возрасни ширум светот.

„Изложеноста на невротоксични загадувачи во животната средина би можела да игра улога во ова зголемување“, рече вишиот автор на студијата, д-р Хозе Рикардо Суарез, вонреден професор на Универзитетот во Сан Диего.
Истражувачите ги измериле концентрациите на двата популарни пестициди во примероците на урина: глифосат и 2,4-дихлорофеноксиоцетна киселина, попозната како 2,4Д.

Примероците од урина беа собрани во 2016 година од 519 деца на возраст меѓу 11 и 17 години кои живеат во земјоделскиот округ Педро Монкајо, Еквадор.

Глифосат, кој се користи во култури како што се пченката и сојата, е неселективен хербицид, што значи дека ја убива целата вегетација во областа наместо само плевелот. Беше откриен во 98 проценти од примероците од учесниците. 2,4Д, пестицидот кој се користи за убивање на лиснатиот плевел, бил откриен во 66 проценти од примероците на урина.

Истражувачите, исто така, ги испитуваа перформансите на адолесцентите во пет области: внимание и инхибиторна контрола (колку добро можете да ги запрете импулсите), меморија и учење, јазик, просторна свест и социјална перцепција. Тие го направија тоа гледајќи низ резултатите од тестовите од 2016 година за работи како што се колку брзо децата можеа да разберат сет на инструкции, колку добро можеа да запомнат лица и колку брзо можеа да решаваат загатки со форми.

Поголемите количини на 2,4Д во урината беа поврзани со полоши резултати во тестовите за внимание и инхибиторна контрола, меморија и учење и јазик. Концентрацијата на глифосат во урината беше поврзана само со пониски резултати во социјалната перцепција.

Студијата беше објавена во средата во списанието „Environmental Health Perspectives“.

Германскиот хемиски и фармацевтски гигант „Баер“  објави дека планира да плати повеќе од 10 милијарди долари (8,9 милијарди евра) за решавање на приближно 125.000 тужби во САД поврзани со неговиот производ „Roundup“, поради застапеноста на пестицидот во неговите производи.

Пред неколку години ова беше тема на расправа и кај нас, но пестицидот се уште си е во константна упореба во земјава и не е целосно забранет.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • Ајдеее напиша:

    Ќе си „кркаме“ потоа….„модерни болести“….

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *