Нова жешка романса во холивудскиот свет? Бред Пит „се гледа“ со супермоделот што е сон на многу мажи

Во понеделникот наутро, извор тврдеше дека 58-годишниот актер од „Bullet Train“ и 31-годишниот супермодел на Версаче, Емили Ратајковски, се гледаат, но не се „официјално во врска“. И изворот исто така, сподели дека повеќе детали ќе бидат откриени подоцна.

Изворот сподели: „Луѓето шпекулираат за ова подолго време. Бред не излегува со никого. Тие се видени неколку пати заедно“.

Не е кажано во кој град тие двајца поминуваат време, но таа во последно време беше во Њујорк, а потоа минатата недела отиде во Италија на шоуто на Версаче. Во неделата Пит беше во Париз.

Но, изгледа дека Емили не е единствената, бидејќи инсајдерот рече дека и тој е „виден со други луѓе“ во последните месеци. А потоа беше додадено дека тој навистина не излегува  „со некој посебно“.

Во август исто така имаше тврдења дека Пит се зближува со Ратајковски: „Тој ја побара да излезат, а таа рече да. Таа отсекогаш мислела дека Бред е симпатичен па што има да изгуби?“

Во меѓувреме, Пит е разведен од Анџелина Џоли, но тој сè уште се расправа со неа за старателството над нивните деца. Една од единствените жени со кои се чини дека се забавува по Џоли е моделот Никол Потуралски. A Емили неодамна поднесе барање за развод од сопругот Себастијан Бер-МекКлард поради тврдењата дека изневерувал.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *