Новата реклама на КИА со македонски мермер и познатиот Македонец од село Баница

Автомобилскиот бренд КИА неодамна објави реклама за својот нов теренски модел „Tasman ute“, наменета за австралискиот пазар. Во рекламата се појавуваат познати спортски имиња како шпанскиот тенисер Рафаел Надал, австралиската тенисерка Ешли Барти и фудбалерот Питер Даикос, кој со гордост се идентификува како Македонец со потекло од село Баница, Леринско.

Питер Даикос е легендарен австралиски фудбалер, роден во Мелбурн, познат по својата кариера во клубот Колингвуд во австралиската фудбалска лига (AFL). Тој потекнува од македонско семејство – неговите родители се иселеници од селото Баница, во Леринскиот регион, денес во Егејска Македонија. Даикос гордо го истакнува своето македонско потекло и е еден од најпознатите спортисти со македонски корени во Австралија.

 

Новата реклама на КИА со македонски мермер и познатиот Македонец од село Баница

Македонски мермер

Во една од сцените на рекламата, покрај столбови во антички стил инспирирани од Партенон, се појавува „Македонски мермер“. Мермерот што се прикажува визуелно потсетува на сивкастиот прошаран камен по кој се прочуени планините кај Прилеп, регион каде со години се вади висококвалитетен мермер кој се користи за реновирање на споменици и објекти ширум светот.

Иако не е официјално потврдено, дел од реконструкциите на Партенон во Атина навистина користат токму таков вид мермер, за кој постојат индиции дека потекнува од Македонија. Со оглед на тоа што дел од мермерниот комбинат во Прилеп има странски (вклучително и грчки) сопственици, употребата на овој материјал во меѓународни проекти станува сè почеста.

 

Македонски мермер

Грците повторно негодуваат

Овој детаљ силно ги вознемири грчките Австралијанци, кои ја обвинија КИА Австралија за неосетливо мешање на грчки културни симболи со терминологија што ја сметаат за спорна. Според нив, користењето на поимот „македонски“ во контекст на визуелни елементи што асоцираат на грчкото наследство, како што е Партенон, праќа погрешна порака, ја заматува историјата и го навредува културниот идентитет на Грција.

Тие „потсетија“ дека Преспанскиот договор од 2018 година формално го уреди долгогодишниот спор со признавање на државата како Република Северна Македонија, при што двете страни се обврзаа да избегнуваат употреба на симболи и термини што можат да се поврзат со хеленското културно наследство, особено оние што се однесуваат на античка Македонија – регион кој денес се наоѓа во северна Грција. Според дел од грчката заедница во Австралија, сцените и јазикот на рекламата го поткопуваат духот на овој договор, отворајќи стари прашања за културна присвојност и дезинформации. Тие предупредуваат дека при користење на моќни културни симболи во маркетинг, компаниите треба да внимаваат на историските и идентитетски чувствителности.

 

 

Издржливост и квалитетни материјали

КИА ја претставува својата нова линија возила како „својствено австралиска“, а преку рекламата прави поврзување меѓу издржливоста на возилото и квалитетот на материјалите како македонскиот мермер – препознатлив по својата убавина и цврстина. Рекламата е пример за тоа како природните ресурси од регионот сè повеќе се вклучуваат во глобални приказни и брендирање.

 

  • Vasil напиша:

    Бугарите и Грците треба да знаат и запаметат дека Македонците ги има по цел
    свет а за Балканот да не зборуваме !!!
    Сме постоеле и ќе постоиме !!!

  • Artan Grubi напиша:

    Секој треба да си ги негува корените, кај и да си да си знаеш дека од македонија си, на овај начин и колку да се против македонија пак ќе излезе на виделина дека македонецот го имало го има и ќе го има, поздрав од нашата сончева албанија од шенѓин (свети јован) да сте ми живи и здрави македонци каде и да сте.

  • ха ха аххх напиша:

    Македонци од сите краеви на светот обединете се, во вадењето на нашите деца од Македонија.
    И додека политичарите крадат на мртво, и државата се дезинтегрира, ние се радуваме на реклама на КИА во Австралиа.
    Кога Македонецот во Македонија ќе има пари да си купи ваква КИА, возиме кршови увезени на старо од Европа.
    Се тешиме со изливи на патриотизам, за буквален шепот на зборот Македонија во светскиот етер.
    Ѓубре по сите страни и на автопатите и по градовите, простота невидена. Малициозност и малодушност на секој чекор.
    А политичарите, тоа така добро го користат за да се сотре се добро што е во менталитетот на македонецот. Како да се дојдени од соседството, се такмичат да направат што поголема штета на економијата и државата. А ние овци, ќе се радуваме на реклама за КИА.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *