Новата водителка на Реал Мадрид ТВ со нејзиниот изглед го привлече вниманието на Конор МекГрегор и го „запре“ сообраќајот во шпанската престолнина

Прекрасната водителка на Реал Мадрид, која еднаш го привлече вниманието на Конор Мек Грегор, остави многу „вилици на подот“ со нејзиниот најнов избор на фотографии.

 

 

Италијанската ТВ водителка, Марија Игерини, која претходно известуваше за музика и спорт, има огромен број на следбеници на социјалните мрежи на „Инстаграм“, а обожавателите ја преплавија во делот за коментари на новите фотографии.

„Го запре сообраќајот“, се пошегувал еден фан. Додека друг додаде: „Ти си шоу…“

 

 

Марија неодамна започна нова работа како новинар во Реал Мадрид, таа сподели: „Среќна сум што можам да споделам дека започнувам нова позиција како спортски новинар во Реал Мадрид ФЦ со Реал Мадрид ТВ!“

 

 

Русокосата „бомба“ рутински ги воодушевува нејзините обожаватели на социјалните мрежи со некои привлечни снимки и фотографии, а Мек Грегор е меѓу нејзините фанови.

Таа го води нејзиното сопствено спортско шоу – каде што покрива бокс и фудбал – а исто така разговараше и со поранешниот играч од средниот ред на КПР Адел Тарабт на нејзиниот канал на YouTube, интервјуирајќи го Мароканецот на англиски за неговата кариера.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *