Нови мерки во студентските домови: За алкохол во собите следува забрана и до пет години
Студентите што ќе внесуваат или консумираат алкохол во државните студентски домови би можеле да го изгубат правото на сместување според новите дисциплински правила за престој во домовите. Со правилникот се воведува построг куќен ред, со мерки што важат за сите државни студентски домови.

Истата најстрога мерка е предвидена и за дрога, насилство и намерно оштетување имот
Покрај алкохолот, правилникот ги опфака и поседувањето дрога, физичкото насилство, намерното оштетување на имотот и други сериозни прекршувања на куќниот ред. Во вакви случаи, дисциплинската постапка треба да утврди колку е тежок прекршокот и каква санкција ке следува.

Дисциплинската комисија ке избира меѓу опомена, привремено исклучување и целосна забрана
Во зависност од случајот, комисијата ке може да изрече опомена, привремено исклучување или забрана за повторно сместување во студентски дом до пет години. Од Министерството за образование и наука велат дека целта е да се обезбедат побезбедни услови за живот, да се намалат инцидентите и да се воспостави единствен дисциплински систем за сите државни студентски домови.

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.

Коментирај анонимно