Новите Pixel телефони на Google со помош на вештачка интелигенција ќе ги штитат корисниците од измамници

Корисниците на Pixel наскоро ќе добијат дополнителен слој заштита од измамнички повици и пораки, бидејќи Google воведува AI-базирана детекција на измами во реално време. Оваа функција, наречена Gemini Nano, ќе биде достапна во Google Messages и Phone by Google и ќе почне да се применува во март.

 

 

Функцијата работи во позадина и ќе предупреди корисник среде повик ако идентификува „разговорни обрасци кои често се поврзуваат со измамници“. Доколку системот забележи сомнителен повик, ќе се слушне звучен сигнал на почетокот, а потоа и на неколку минути. Покрај тоа, на екранот ќе се појави известување со опции да го прекинете повикот или да означите дека не станува збор за измама. Кај пораките, можните измамнички пораки автоматски ќе се преместуваат во папката „Спам и блокирани пораки“.

Google истакнува дека оваа функција работи исклучиво на уредот и не зачувува или снима содржина од повиците и пораките.

Како да ја активирате детекцијата на измами?

 

 

Откако ќе стане достапна во март, оваа функција може да се активира преку Phone by Google со отворање на Settings > Scam Detection и вклучување на опцијата. За пораки, во Google Messages одете во Settings > Spam protection и овозможете го филтрирањето.

Иако оваа нова заштита е корисна, корисниците и натаму треба да внимаваат на повици и пораки од непознати броеви, да не споделуваат лични податоци и да не кликнуваат на сомнителни линкови. За контактирање на банки или институции, најдобро е да се користат официјалните веб-страници.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *