Ново откритие кое отвора нови прашања за потеклото на животот: Астероидите содржат непознати хемиски елементи непознати за Земјата
Научниците од Универзитетот во Аризона рекоа дека голем број астероиди се толку густи што може да содржат тешки елементи кои не се наоѓаат на периодниот систем. Студијата е објавена во European Physical Journal Plus.

Користејќи го релативистичкиот модел на атомот Томас-Ферми и други техники, физичарите ја разгледале можноста за создавање компактни ултра-густи објекти (CUDOs) со масовна густина поголема од онаа на најтешкиот стабилен елемент на Земјата, осмиумот.
Научниците го насочија своето внимание кон астероидот 33 Полихимнија, кој наводно го надминува прагот за густина на масата поставен за постоечките атомски елементи. Ова го поттикна тимот да сугерира дека астероидите содржат нови хемиски елементи непознати на Земјата.
Иако елементите на врвот на периодниот систем се генерално нестабилни и радиоактивни, нивното постоење и својства се предвидени од физичарите. Во овој случај, теоретската претпоставка се однесува на можноста за постоење на супертешки елементи со атомски броеви повисоки од највисокиот атомски број во периодниот систем.
Можноста за постоење, па дури и производство на овие елементи во Сончевиот систем отвора нови можности во проучувањето на космичките тела и прашањата за потеклото на животот.

Коментирај анонимно