X

Очаен татко се јавува кај кумот што работи во Град Скопје (виц)

Очаен татко му се јавува на својот кум, кој работи во Град Скопје:

– Ало куме, како си? Да те прашам, можеш ли некаде да ми го вработиш малиов? Заврши средно, ама баш и нема желба да учи понатаму.

– Нема гајле, куме. Ќе го пикнам кај нас. Ќе зема 2.000 евра плата, а речиси ништо нема да работи. Малку кафе, малку весници… тамам.

– Леле куме, многу се тоа пари за млад човек. Ќе ми се расипе. Дај нешто со помала плата, ама да работи малку повеќе.

– Добро, тогаш ќе го средам за директор во некое јавно претпријатие. Ќе зема 1.500 евра. Ќе оди на работа еднаш-двапати неделно, ќе има секретарка, службен автомобил, возач и телефон.

– И тоа е многу, куме. Нема ли некое работно место каде што ќе работи осум часа дневно, пет дена во неделата и ќе зема пристојна плата?

– Еее, куме… за такво работно место му треба факултет.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *