Од 107 на 60 килограми за една година: „Трошев 4.500 евра годишно на брза храна и се прејадував – сега едвај чекам да облечам маичка со голо пупаче“

Ешли Фостер била крупна уште од млада возраст и секое шопинг патување завршувало со солзи во соблекувалните. Фатена во маѓепсан круг, 25-годишната девојка висока 162 сантиметри,а тешка 107 килограми, се борела со пореметување на прекумерно јадење.

Таа трошела по 90 евра неделно за брза храна конзумирајќи големи количини кинеска, индиска, пица, благо, сокови. Тоа резултирало со тоа што таа станала премногу дебела и веќе се чувствувала како лоша мајка за нејзините три деца. Па се одлучила да издвои 3500 евра за да замине во Турција и да направи операција на желудникот.

Операцијата ја направила минатиот јануари во 2022 и се спуштила од 107 на 66 килограми. Но и покрај слабеењето Ешли останала со многу вишок кожа па исто така направила и оперативни зафати и сега таа има 60 килограми.

Таа е пресреќна и како што вели сега едвај чека да почне да носи тесни маички и фустани.

 

Ешли рече: „Животот пред губење на тежината беше навистина тежок. Тоа беше веројатно најниската точка во мојот живот. Едноставно се чувствував како навистина лоша мајка. Не можев да правам ништо со моите деца. Знаев дека сум забавна мајка. Сакам да бидам тука со нив онолку долго колку што можам. А ако продолжам да се прејадувам знам дека лошо ќе заврши. Помислата да ме изгубат млада всушност ми го скрши срцето. Не можев ни да одам по скалите без да останам без здив, да трчам наоколу или да бидам во чекор со нив. Не сакав да излегувам никаде или пак да бидам покрај други мајки. Цело време сакав да седам дома и никој да не ме гледа што знаев дека не е фер кон моите деца“.

Ешли рече дека знаела дека единствениот начин да го запре прејадувањето ќе биде „физичко ограничување“, бидејќи се чувствувала како да ги исцрпила сите други опции.

„Имав пореметување со прекумерно јадење и храната ми беше утеха. Јадев за да се чувствувам добро, но на крајот се чувствував полошо. Секој пат кога ќе ослабев за кратко време ја враќав тежината и тоа повеќе од претходниот пат. Јадев до тој степен што веќе ми се лошеше од храна и пак не застанував. Не јадев од глад, јадев само затоа што имаше храна“.

 

Првите две недели по операцијата таа била на течна диета пред да се префрли на пире, сирење и карфиол.

„Ми требаше долго време да ги научам сигналите на моето тело и да научам како изгледа и како се чувствува вистинскиот глад. Секогаш се чувствував како да сум гадна, но не бев физички гладна. Морав да научам како е чувството на ситост и задоволство без да се чувствувам лошо“.

Сега Ешли е посветена на поздрав начин на живот со редовно вежбање и внимава што јаде

 

„Се чувствувам неверојатно. Се чувствувам толку добро. Почнав да се занимавам со нов хоби за кои никогаш не сум имала самодоверба да ги правам пред да ослабам. Се чувствувам како да сум на врвот на светот“.

 

Ешли сега ужива и во поавантуристичка облека откако напорно работела на својата фигура.

Ешли рече: „Искрено ми се допаѓа она што го гледам за прв пат во мојот живот. Тоа ме прави да се чувствувам толку моќно и самоуверено. Концептот да го сакам мојот одраз отсекогаш ми беше толку туѓ. Шопингот никогаш не ми беше среќно искуство пред губењето на тежината. Секогаш завршуваше во солзи во соблекувалната. Ништо ништо не ми беше точно, а ако ми беше точно не ми се допаѓаше како ми стои. Сега е сосема спротивно. Сега обожавам да одам на шопинг и да порбувам работи во соблекувалните. Од дете сонував да носам маички со голо пупаче и сега конечно ќе можам. А наскоро ќе ставам и пирс на папокот. Се чувствувам многу благодарна на двајцата хирурзи, тие ми го променија животот и тоа ме прави прилично емотивна“.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *