Од нега до гурмански специјалитети – зошто сите зборуваат за кокосовите производи во dm?
Без разлика дали барате момент за релаксација, дополнителна нега за кожата и косата или сакате да внесете егзотични вкусови во секојдневната исхрана, производите со кокос се совршен избор. Во dm продавниците ве очекува богат избор на производи од dm марки Balea и dmBio, кои ќе внесат тропска свежина во вашата рутина.
За интензивна нега на лицето, Balea Milky Kokos маската во форма на марамица е вистински избор кога на кожата ѝ е потребна дополнителна хидратација. Формулата збогатена со кокосово млеко и хијалуронска киселина ја снабдува кожата со влага, оставајќи ја мека, мазна и пријатна на допир. Маската нежно се прилагодува на контурите на лицето, овозможувајќи подобра апсорпција на активните состојки, додека пријатниот мирис на кокос создава чувство на релаксација и вистинско спа-доживување во домашни услови.

Кога станува збор за нега на косата, Balea Natural Beauty хидратантниот шампон со органски екстракт од хибискус и кокосово млеко нежно ја чисти сувата и оштетена коса, без да ја исушува. Формулата без силикони помага да се врати природната влажност на косата, а истовремено ја прави помека, посјајна и полесна за обликување. Шампонот е дерматолошки тестиран, има pH неутрална формула и е погоден за вегани.
За комплетна рутина, Balea хидратантното пакување за сува и оштетена коса обезбедува интензивна нега уште по првото користење. Благодарение на витаминот Б3 и провитаминот Б5, формулата длабински ја храни косата, ја зајакнува нејзината структура, ја измазнува површината и го олеснува расчешлувањето. Дополнително, косата е заштитена од сушење, а освежителниот мирис на кокос и папаја остава чувство на свежина по секое миење. Производот не содржи силикони и е погоден за вегани.
View this post on Instagram
Љубителите на нови вкусови ќе ги воодушеват производите од dmBio, кои лесно се вклопуваат во секојдневното готвење. dmBio кокосовото млеко, добиено од свежи кокоси од Шри Ланка, со својата кремаста текстура и богат вкус е идеално за подготовка на азиски специјалитети, ароматични кари јадења, кремасти супи, десерти, колачи, смути и домашен сладолед. Благодарение на внимателната обработка, го задржува природниот вкус и арома на кокосот, а бидејќи не содржи состојки од животинско потекло, е одличен избор и за оние кои практикуваат растителна исхрана.
За природно засладување, dmBio кокосовиот шеќер претставува интересна алтернатива на традиционалниот шеќер. Со својот благ вкус што потсетува на карамела, лесно се вклопува во кафе, чај, колачи, домашни десерти, но и во салатни преливи, сосови и вок јадења. Овој природен засладувач, кој традиционално се користи во азиската кујна, е одличен избор за сите кои сакаат да експериментираат со нови вкусови и да внесат егзотична нота во омилените рецепти.
Без разлика дали ќе одберете момент за разгалување со производите за нега или ќе внесете тропски вкусови во вашата кујна, кокосовата понуда од Balea и dmBio нуди сè што ви е потребно за секојдневни мали моменти на уживање. Производите се достапни во сите dm продавници по секогаш поволни цени.

Коментирај анонимно