Од слава на улица: 5 познати актерки кои станаа бездомници

Откријте ја потресната реалност на овие 5 познати актерки кои станаа бездомници. Додека ги читаме нивните приказни, учиме за нивните тешкотии и како ги надминале. И покрај нивната слава и богатство, притисоците на општеството и личните тешкотии ги оставија без покрив над главата. Ние го осветлуваме ретко дискутираниот аспект на славата следејќи го нивното патување од холивудскиот гламур до бездомништво.

 

1. Лони Вилисон

Лони Вилисон е поранешна актерка и фитнес модел која се омажи за Џереми Џексон, поранешна ѕвезда на „Baywatch“, во 2012. Нивниот брак заврши во 2014 откако Вилисон го обвини Џексон за физичко малтретирање.

После тоа Лони страдаше од ментални проблеми и употреба на супстанци што доведе во 2016 да стане бездомник.

Оттогаш Вилисон може да биде забележана како лута по улиците на Лос Анџелес барајќи храна во контејнери.

Вилисон во интервјуа кажува дека додека живеела во нејзиниот апартман некој секој ден ја малтретирал и ѝ давал електрошокови во текот на цела година. Вели дека тоа направило да биде сензитивна на стурја и затоа не може повеќе да живее во затворен простор.

Лони Вилисон повеќе од 7 години живее во кампови за бездомници низ Калифорнија.

2. Брет Батлер

Брет Батлер ја започна кариерата во забавната индустрија во раните 1980-ти. Таа се проби со нејзините стендапи. Подоцна се префрли на телевизија каде што стана позната по нејзината улога Грејс Кели во ситкомот „Grace under fire“ која се емитуваше од 1993 до 1998.

По откажувањето на ситкомот Брет Батлер се соочи со многу лични борби кои драстично ѝ го сменија животот. Нејзината борба со зависност од дрога, финансиски проблеми и запаѓање во лоши врски.

После тоа заврши во камп за бездомници во 2011.

 

3. Маргот Кидер

 

Маргот Кидер актерката позната по нејзината улога на Лоис Лејн во Супермен филмовите се бореше со менталното здравје и зависност кои доведоа до тоа да стане бездомник.

 

Во 1996 Маргот Кидер исчезна 4 дена и живееше на улиците на Лос Анџелес каде што евентуално беше пронајдена како живее во картонска кутија позади грмушки.

Таа беше однесена во болница и пренесена во психијатриска болница. За жал Маргот Кидер почина во 2018 година на 69 годишна возраст поради предозирност, што беше класифицирано како самоубиство.

 

4. Наташа Лион

Наташа Лион е американска актерка и филмски режисер.

Таа исто така имаше бурно животно патување. Страдаше од зависност и правни проблеми што доведоа до тоа да биде бездомник.

Таа заврши на улица затоа што беше избркана од станот на пријател затоа што имала проблеми со законот и здравствени проблеми.

Бездомништвото стана нејзината сурова реалност што беше последица на нејзините лични борби.

 

5. Ерин Моран

Ерин Моран е најдобро позната по нејзината улога Џоани Канингем во добро познатото ТВ шоу „Happy Days“.

Во последните години од нејзиниот живот таа беше бездомник.

 

Таа се соочи со многу финансиски проблеми и беше избркана од камп приколката на нејзината свекрва после пијана тепачка.

Нејзините финансиски борби и борбата со депресија предизвикаа загриженост кај пријателите и блиските што доведе до кампањи за собирање средства за да ѝ помогнат на Ерин.

За жал Ерин Моран почина во 2017 на 56-годишна возраст поради компликации кои беа поврзани со нејзиниот рак во 4-та фаза.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *